Ракометарите и управата на Металург постигнале компромис

По повеќечасовни преговори во текот на вчерашниот ден, ракометарите и управата на македонскиот првак Металург постигнале компромис.

Неофицијално, решено е тимот во полн состав (исклучок на оние кои веќе ја напуштија екипата), да патува за Шпанија на дуелот против Ла Риоха во 5.коло од Лигата на шампиони.

Имено, на вчерашниот прв состанок не било најдено решение, но веќе на втората средба меѓу сопственикот Минчо Јорданов и ракометарите, постигнат е договор во интерес на сите страни.

Свесни за опасноста со која се соочува клубот при евентуално неиграње во ЛШ, а несакајќи да ризикуваат евенутална ригорозна казна од страна н ЕХФ, репрезентативците се согласиле да заминат во Шпанија.

Со нив ќе патува и тренерот Лино Червар, кој од страна на „побунетите" беше посочен како главен виновник за актуелната состојба. Зад него пак застана Јорданов со цврст став и образложение дека токму Хрватот е еден од најзаслижнита за успехот на клубот во изминатите сезони.

Дали со овој компромис е ставен крај на кризата во која се најде македонскиот шампион или ова е само привремен договор останува да види.

Јавноста очекува да ги дознае деталите за компромисот меѓу ограчите и управата, преку евентуално заедничко соопштение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...