Преку Веспрем кон врвот

Продолжението од групната фаза во Лигата на шампионите за македонскиот вицешампион Вардар ја носи можеби најтешката задача во групата „Ц“, двомечот со Веспрем. Првиот судир е закажан за в сабота, 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Првото искуство, но на друг фронт, оној во регионалното натпреварување, не беше успешно за „вардарци“, но сега имаат одлична можност да ја поправат сликата. Во најквалитетното европско клупско натпреварување „црвено-црниот“ табор не знае за пораз, а плановите се така и да остане, барем кога станува збор за натпреварите кои ги играат пред своите фанови.

„Веспрем е еден од најдобрите тимови во моментов, учесник на ланскиот Ф4 во Келн. Одличен тим со врвни играчи, актуелен лидер во нашата група. Имаме одлична шанса во Скопје со победа да го преземеме врвот, барем за една недела.

Очекувам цврст, тежок меч, со брзо темпо, каков што одигравме против Рајн Некар Ловен. Веспрем има квалитетна одбрана, играат 6-0, со добар голман, како и силен напад предводен од Чема Родригез, кој според мене е еден од најдобрите средни бекови во светот“ – вели тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

ТРИ ФАКТОРИ ЈА ПРАВАТ РАЗЛИКАТА

„Вардарци“ ја знаат силата на Веспрем, но се свесни и за своите квалитети и можности. Меѓусебниот меч од пред месец дена е доволен показател дека постојат фактори кои ќе ја направат разликата в сабота и нијанси, кои ќе натежнат на страната на Вардар.

„Најважниот меч во досегашниот дел од сезоната нè очекува викендов. Веспрем е голем клуб, кој има добра екипа и како никогаш досега играат неверојатно добро. Имаат одличен систем, добар тренер и држат едно високо ниво сезонава. Можеби сме малку уморни од патувањето во Белорусија, но истовремено и свесни дека имаме голема шанса, токму во Скопје да ’падне’ еден од најсериозните конкуренти.

За разлика од првиот меч со нив сега улога ќе играат неколку моменти. Прво е Ласло Наѓ, еден од главните играчи на Веспрем, е под знак прашалник за настапот во Скопје. Второ е Арпад Штербик, кој во претходниот дуел не беше на голот од самиот почеток, а се знае дека неговото присуство има огромно значење за нас. И трето, Вардар в сабота ќе го има сето она што Веспрем го имаше на претходниот меч, домашен терен и поддршка од публиката. Во домашна атмосфера се е поинаку“ – заклучува Немања Прибак, средниот бек на „црвено-црните“.

СИТЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ

Она што посебно го радува Раул Гонзалез во пресрет на саботниот дуел е што со исклучок на суспендираните Илија Абутовиќ и Страхиња Милиќ, сите други ракометари се чувствуваат добро и му се на располагање. Дури и Алекс Душебаев, за кого шпанскиот стратег беше најмногу загрижен е фит и, најверојатно, ќе се најде во стартната постава против Веспрем.

Според праксата на Гонзалез, составот со кој Вардар ќе истрча в сабота ќе биде познат денеска, по вечерниот тренинг.

ОРТЕГА „БОРБА 60 МИНУТИ“

Унгарскиот шампион сезонава првпат ќе гостува во Скопје, но се чини дека многу добро е запознаен со околностите и атмосферата во нашиот главен град. Беспоштедна борба од првата до последната минута е она што најавува.

„Значаен и многу тежок натпревар, како и секој друг во Лигата на шампионите, но сега сигурно ќе бидеме под притисок. Ако сакаме да победиме ќе мора да го дадеме најдоброто од нас во Скопје бидејќи Вардар е многу опасен тим, особено кога игра на домашен терен. Сигурен сум дека ќе се бориме за победата сите 60 минути. Минатата недела ни се врати и Мате Лекаи, што ме радува“, изјави тренерот на Веспрем, Карлос Ортега, и додаде:

„Атмосферата во Скопје несомнено ќе биде жешка, но се надевам дека нема да влијае на нас. Играчите веќе имаат искуство во играње натпревари во такви околности, па затоа искрено се надевам дека атмосферата нема да има негативно влијание врз нас, можеби единствено во контекст на комуникацијата“.

Според најавите, Веспрем ќе допатува со околу 50 најверни фанови, како и седум новинари кои ќе го следат првото соочување со „вардарци“ во Лигата на шампионите.

Несомнено е дека „црвено-црната“ армија навивачи ќе ги надгласи во СЦ „Јане Сандански“, а тоа треба да биде дополнителен ветер во едрата на тимот на Раул Гонзалез, за да се освојат двата бода, кои може да одиграат и клучна улога во тоа каде Вардар ќе го заврши настапот во групата „Ц“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...