Сега други решаваат за Топ 16

Овој период во ланските и преланските статистики на Металург изобилуваше со информации од типот најдобра одбрана во ЛШ, обезбеден Топ 16, листа на стрелци...

Годинава благодарение на настаните за кои со месеци Металург е цел на критики, а кои се одбиваат како од ѕид, македонскиот првак заедно со Алингсас од Шведска се единствените екипи по пет одиграни кола што немаат освоено бод. Гол разликата е минус 30 или подобра единствено од таа на Бешикташ, но за разлика од Металург, Турците успеаја барем еднаш досега да победат.

Дали по претставата која ја видовме во Логроњо и на тоа што ѝ претходеше и натаму вреди да пишуваме за Металург и Топ 16 во ист контекст е тешко прашање.

Сега веќе и не е сè во рацете на македонскиот тим. Право на грешка веќе нема. В сабота мора да победи на мечот со Ла Риоха во Скопје и на почетокот на декември да биде подобар од Загреб, за да задржи теоретски шанси. Под услов Загреб, БГК Мешков и Ла Риоха да губат на гости и да победуваат дома. Се наруши ли тој баланс, Металург предвреме ќе биде отпишан, а сезоната уште во декември и резултатски ќе биде „утната“.

Ракометарите на македонскиот тим синоќа пред полноќ требаше да стигнат во Македонија, па денеска ќе бидат достапни и за изјави. Но, во пресрет на саботниот меч со Ла Риоха, овој пат во Скопје, малку што може да се смени на добро.

Затоа, пак, Металург в сабота ќе се соочи не само со Ла Риоха туку и со своите навивачи. Од моментот кога „пукна тиквата“ Металург нема меч пред своја публика. Да потсетиме само, над 4.000 фанови купија за наши услови нималку евтин претплатен билет, но пола од играчите поради кои и се купуваа билети, веќе не се дел од клубот. Продажбата на билети за дуелот со Ла Риоха ќе биде показател за тоа како јавноста ја прифаќа клупската политика која се однесува исклучиво за првиот тим и тренерот. Металург е, сепак, повеќе од 20 ракометари, тренер и управа, па се фокусираме само на толкувачите на главните улоги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...