Која е Мирка Федерер?

Мирка Федерер е позната по поддршката која ја има кон сопругот Роџер Федерер. Речиси и да не пропушта меч кој го игра Швајцарецот, а често во публиката знае да ги донесе и децата. Но, оваа недела таа се најде во таблодите поради истата таа поддршка која ја однесе на комплетно ново ниво.

Сопругата на Роџер Федерер оваа недела беше обвинета дека со своето „провокативно навивање“ во текот на полуфиналниот меч од Мастерс турнирот во Лондон, го „нервирала и деконцентрирала“ Станислас Вавринка, што во текот на мечот предизвикало нервозна атмосфера која подоцна се претворила во расправија меѓу двајцата Швајцарци.

Често ја гледаме Мирка во ВИП ложата како будно ги следи потезите на сопругот но малку се знае за нејзиниот приватен живот.

Која е Мирка Федерер?

Па за разлика од останатите сопруги и девојки на спортистите, таа е со Роџер веќе 14 години ( од 2000-та) а во брак се од 2009-та.



Со фактот дека таа е екс тенисерка, но и со физичкиот изглед (жена со облини која не изгледа изгладнето) таа оди против стереотипите кои преовладуваат за сопругите на спортистите.



Мајка е на 4 деца под 6 години (2 пара на близнаци)



Кариерата во тенисот ја прекрати по повредата во 2002-ра година



Роџер самиот ја нарече „карпата во мојот дом“ и многу пати во јавноста истакна дека стабилноста на приватниот живот кој го има со Мирка помогнал и неговата кариера да биде стабилна, долга и успешна



Писателот Рене Стофер кој е и автор на биографијата The Roger Federer Story: Quest for Perfection, посвети добар дел од книгата на Мирка и на нејзината тврдоглавост и безмисосна амбиција за успех. Како пример го истакна инсистирањето на Мирка како јуниор да настапува во Хрватска во 1993-та година кога воопшто не било безбедно да се патува во оваа земја поради војната.



Најголемиот успех на Гренд Слем турнир го постигна кога во 2001-ва година стигна до 3-та рунда на УС Опен, а најдобриот пласман и беше 76-то место на WTA листата



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...