Душебаев: „Ни треба цврст старт“

„Пристапот во мечот, првите десет минути мора да бидат поинакви, како и нападот... Во спротивно ќе имаме многу проблеми“, заклучува бекот

Општ заклучок во „црвено-црниот“ табор по несреќниот пораз од Веспрем, викендов е дека мора да се промени влезот во мечот. Првите 15-тина минути во Скопје беа многу тешки, а се најдовме и во ситуација да бркаме негатива. Тоа е сценарио кое не смее да се повтори на возвратниот дуел во Унгарија бидејќи со такво издание Вардар може да се најде во сериозни проблеми.

„Потребно е да извлечеме поука. Многу посилно мора да влеземе во мечот во Веспрем. Тие играат многу поагресивно и посигурно на домашен терен. Ако не се лажам немаат пораз во изминативе три години пред своја публика.

Имаме доволно време за анализа на мечот, да видиме каде грешевме, што треба да се корегира, да се постави стратегија...

Мислам дека одбраната функционираше добро во Скопје и треба да го задржиме тоа ниво, но во нападот мора повеќе да трчаме, да правиме помалку грешки.

Пристапот, влезот во мечот е најважен, првите десет минути мора да бидат поинакви“, смета „Вардаровиот“ бек Алекс Душебаев.

ГРУПНАТА ФАЗА ТРПИ ПОРАЗ

Поразот од Веспрем секако дека боли, особено затоа што е прв во ЛШ сезонава, но Душебаев смета дека е подобро сега отколку во некој од елиминациските фази.

„Во групната фаза поразите се подносливи, иако не велам дека не болат. Несреќно загубивме, не одигравме добро во последната минута и тоа скапо го плативме. Но, мислам дека е најважно што екипата учи и расте и од ваквите тешки натпревари. Тоа не прави посилни и поподготвени за оние позначајни натпревари кои ќе следат во елиминационите фази“, заклучува Душебаев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...