Манасков: Мора да се вратиме во ритам

Металург е во исчекување на мечот кој ќе покаже дали сè уште има какви таква основа да се размислува и зборува за Топ 16 или во продолжението на Лигата на шампионите ќе гледаме ревијални натпревари.

В сабота во Скопје ќе гостува екипата на Ла Риоха, тим кој славеше на првиот меѓусебен дуел со 4 гола разлика, иако во текот на натпреварот имаше периоди во кој Металург беше сосема резултатски рамноправен, но и период во кој целосно доминираше Ла Риоха и имаше предност и од девет гола во еден момент.

„Првото полувреме го одигравме солидно, иако и тогаш имавме осцилации во играта. Во вториот дел целосно попуштивме со концентрацијата, а ја загубивме и снагата. Тоа е реакција на нередовниот тренинг што го имавме во последно време. Немавме ни соодветни замени, посебно за бековската тројка. Во вториот дел за неколку минути го загубивме дуелот бидејќи противникот стигна до позитива од девет разлика. На крајот намаливме на четири разлика, со што покажавме дека можеме да играме, но потребно е да се вратиме во ритам“, рече Дејан Манасков.

Металург во Шпанија покажа дека може да се носи со Ла Риоха, но прашање е дали може да издржи цел натпревар со само три бека во нападот. Очекувавме во Логроњо да ги видиме Талески и Нелоски како ракометари кои треба барем во неколку напади да ги заменат Миркуловски или Мојсоски, но такво нешто немаше.

Талески во игра влезе кога натпреварот веќе беше „дебело“ загубен, а Нелоски не ни беше во ростерот. Лино Червар се одлучи да има три пикери на теренот, но само два беа во игра. Пешевски немаше шанса да заигра.

Ништо нема да биде поразлично и во Скопје, барем што се однесува до силата на Металурговите ракометари. Ако повторно играат само три бека во напад, повторно ќе се случи во еден период од натпреварот да има голем пад во играта, а видовме дека Ла Риоха е екипа која знае како да казнува грешки во напад, дури и без Рокас на теренот.

Време е да ги видиме и нашите таленти на меч во Лигата на шампионите. Па дури и да погрешат, сигурно нема да му наштетат на Металург повеќе отколку што му наштетија други работи од септември наваму.

Во своите изјавите по мечот кои ги дадоа Шпанците можеме да препознаеме доза на опуштање. Тие веруваат дека веќе завршиле работа околу пласманот во Топ 16. Ги имаат трите домашни победи против директните ривали, Загреб е во предност затоа што го совлда Кил, а Ла Риоха има убедливо најдобра гол разлика во споредба со БГК и Металург. Ова во случа да се направи мини табела на која ќе има три екипи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...