Колку сме-толку сме, силни сме

„По сите повреди, ќе мора да се скрпиме, но ќе издржиме затоа што бодовите во Турингер ни се важни, се пренесуваат во групната фаза“, децидна е Пенезиќ

Завршниот викенд од натпреварувањето во групи во Лигата на шампионите македонскиот првак Вардар го пречекува со реализирана цел, како еден од тимовите од групата „Б“ кои патуваат во главната фаза.

Но, патот дотаму зема голем данок, повредите на Андреа Лекиќ, Јулија Николиќ и Бегоња Фернандез, како и претходно на Татјана Хмирова. Така, последната обврска која „црвено-црните“ ќе треба да ја одработат во оваа рунда, гостувањето кај Турингер, в сабота, ќе биде со редуциран состав. Нема да биде лесно, но оние со кои располага Индира Кастратовиќ се подготвени да го понесат товарот.

„По сите повреди кои се случија вистина е дека редовите ни се редуцирани. Четири ракометарки ротираме на надворешните линии, но се надевам дека Јуле ќе ни се врати неделава. Мораме да излеземе на крај со притисокот. Останува само уште мечот со Турингер, ќе се скрпиме, ќе издржиме. Ќе дадеме сè од себе за настапот во оваа група да го завршиме со победа. Бодовите во Германија ни се важни затоа што тие се пренесуваат во следната фаза од ЛШ“, смета левиот бек на „вардарки“ Андреа Пенезиќ.

ТИМОТ ПРЕД „ЅВЕЗДИТЕ“

Двапати за месец дена Пенезиќ се најде меѓу „трите ѕвезди“ на колото според ЕХФ. Бекот беше најефикасната ракометарка во дуелот со Будуќност, вистинска „движечка сила“ во нападот. За Пенезиќ индивидуалните награди годат, но тимот го има приоритетот.

„Тимот е најважен. Не велам дека индивидуалните награди и признанија не годат, но екипата го има приматот. Ме радува што од натпревар во натпревар играме сè подобро, се креваме. Полека влегуваме во ритам каков што посакувавме.

Можеби и повредите играат голема улога. И против Будуќност можевме и да победиме, иако и бодот е голема работа.

Сега е најважно да завршиме како што треба, па потоа, по репрезентативните обврски, да се вратиме во најдобро светло за главната фаза“, завршува Пенезиќ.

„Црвено-црните“ дами последната обврска годинава во ЛШ ја имаат в сабота кога му гостуваат на Турингер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...