Македа го облекува црвено-црниот дрес

Шпанскиот репрезентативец потпиша две и полгодишен договор со вицешампионот, а во Скопје доаѓа во јануари следната година

Во април годинава неговото доаѓање беше најавено, но од јануари 2015 шпанскиот репрезентативец Хорхе Македа и дефинитивно го облекува црвено-црниот дрес. Десниот бек на француски Нант постигна две и полгодишен договор во Вардар (до јуни 2017), и тој е последното засилување на македонскиот вицешампион. Ракометарот чекаше да заврши неговиот договор со Нант за да го направи финалниот чекор кон Вардар, каде 26-годишниот бек ќе биде во друштво на репрезентативните колеги Арпад Штербик и Алекс Душебаев.

Корпулентниот Македа (1.95 см, 102 кг) ќе игра значајна улога во тимот на Раул Гонзалез, со оглед на тоа дека може да биде добра поддршка и во двата правци, особено во дефанзивата.

Вардаровиот табор ќе биде второ интернационално искуство за Македа, со оглед дека премиерата ја имаше во Нант во 2012 година. Претходно, тој бил дел од екипите на Арагон (2009-2012), Алкобендас (2007-2009), а првите професионални чекори ги прави во каталонскиот гигант Барселона (2005-2007), додека Виљафранка е негов матичен клуб.

Бекот во своето репрезентативно резиме покрај настапите за У19 и У21 веќе има бронзен медал од Светското првенство 2011, како и злато од мундијалот, лани, кој се одржа во Шпанија. Македа исто така беше и дел од шпанскиот национален тим, кој на почетокот на годинава го освои бронзениот медал на ЕП во Данска.

БЕЗ СТОИЛОВ И ХОРБОК КОН ВЕСПРЕМ

„Вардарци“ претпладнево (11 часот) заминуваат за Унгарија, а во таборот на Раул Гонзалез ќе недостасуваат Столе Стоилов и Сергеј Хорбок.

Пивотот се повреди на тренинг, заработи истегнување на мускул на задната ложа. Сепак, колку е сериозна повредата ќе се знае денеска, по деталните лекарски прегледи, кои треба да кажат и колку време Стоилов ќе мора да паузира.

Хорбок, пак, заработи повреда на слабината во дуелот со Веспрем. Грубата игра се одрази со оток, кој му создава болка и проблеми на бекот, кој ќе мора да одмора до понеделник.

Позитивен момент е што Илија Абутовиќ се враќа во тимот откако ја одработи суспензијата од еден меч и главниот дефанзивец во Вардаровиот состав ќе патува во Унгарија. И Михаил Чипурин се рехабилитираше од дисторзијата на скочниот зглоб, која немаше сериозни размери, што исто така е од големо значење за одбраната.

Вардар ќе има два дена за аклиматизирање пред дуелот со Веспрем, в сабота (16:30 часот) во рамките од 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...