Металург подготвен за првата победа

Македонскиот ракометен првак Металург во реванш дуелот со Ла Риоха ќе се обиде да дојде до првата победа сезонава во Лигата на шампионите.

По турбулентниот период во кој клубот од Автокоманда остана без најголемиот број странски играчи, од таборот на Металург уверуваат дека состојбата е стабилизирана и веруваат во прва радост во 6.коло од елитното натпреварување.

- Ла Риоха има силен состав со по двајца квалитетни ракометари на секоја позиција. Имаат одлични бекови, кои сигурно ќе ни создадат проблеми. Ние ќе се бориме до крај и ќе се обидеме да стигнеме до посакуваниот резултат. Продолжуваме гордо да играме, на тоа не обврзува се што изминатите сезони сме го прикажале на евро-сцената. И должиме на публиката добар резултат и треба да ја оправдаме довербата што ни ја даваат нашите навивачи, истакна тренерот Лино Червар.

Иако мали, сепак шанси за пласман во следната фаза гледа капитенот Ванчо Димовски.

- Ќе играме со квалитетен противник кој се бори за ТОП 16. Ние во Шпанија бевме преполовени и не успеавме да дојдеме до победата, ама верувам во успех в сабота и се надевам на освојување на првите бодови. Со евентуална победа против шпанскиот состав и со уште две на следните натпревари со условно послабите противници ќе стигнеме до шест бодови, а потоа ќе видиме до каде сме, рече Димовски.

Натпреварот Металург – Ла Риоха ќе се игра в сабота во СЦ „Борис Трајковски“ од 19 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...