Вардар уште еднаш поразен од Веспрем

Унгарскиот шампион Веспрем му го нанесе вториот пораз на Вардар во Ц групата од Лигата на шампионите, откако попладнево забележа висок триумф со 32:24.



„Црвено-црните“ не успеаја да му се реваншираат на противникот за минатонеделниот пораз во Скопје. Напротив, унгарскиот состав беше убедлив на свој терен, а победникот се наѕираше уште по првото полувреме кое заврши во полза на Веспрем со 16:10.



Голманот на Унгарците Роланд Миклер со 17 одбрани и Момир Илиќ со осум погодоци беа предводници во убедливата победа на нивниот тим. Најефикасни во Вардар беа Немања Прибак, Алекс Душебаев и Тимур Дибиров со по четири реализации.



Во 6. коло од оваа група вечерва играат Чеховски Медведи и Монпеље, а утре колото ќе го заокружат Цеље и Рајн Нехар.



Табела: Веспрем 12 бодови (6 натпревари), Вардар 7 (6), Рајн Нехар 6 (5), Монпеље 4 (5), Цеље 2 (5), Чеховски Медведи 1 (5).



Следниот натпревар Вардар ќе го игра на 29 ноември на домашен терен против Цеље.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...