Роџер го освои трофејот кој недостасуваше

Роџер Федерер го декласираше Ришар Гаске со 6:4/6:2/6:2 во четвртата пресметка од Дејвис куп финалето против Франција на стадионот „Пјер Моро“ во Лил, за Швајцарија да добие недостижно 3:1 водство, а Федерер да го освои трофејот кој му недостасуваше во кариерата.

Гаске беше замена за Жо-Вилфрид Цонга, но одлуката на францускиот капитен Арну Клеман реши да го постави против Федерер тенисерот кој имаше 2-12 скор, со победите од 2005 и 2011.

Планот на Гаске беше да оди на бекхендот на Федерер, кој се покажа како опасно оружје и по првиот потежок сет, на крајот го крена нивото на играта, не покажувајќи знаци на повредениот грб за импресивна победа.

Федерер во својата кариера има освоено 17 гренд слем титули, на секој гренд слем турнир има барем една победа, има олимписко злато во двојки со Стен Вавринка, така што единствениот голем трофеј кој му недостасуваше беше големата „салатара“ од Дејвис купот.

33-годишниот Федерер загуби во првиот меч во сингл од Гаел Монфис во петокот, и вели дека се соземалl како што течеше викендот.

„Среќен сум што останав смирен и одиграв добар меч. Сега сум задоволен за момците во тимот кои работеа напорно за да ме подготват. Стен потроши многу време во минатите години и овој викенд играше неверојатно за да ми даде шанса јас да го одлучам. Ова е замомците“, вели Федерер.

Поминаа 15 години за Швајцарецот да стигне до слава во Дејвис купот по дебито во 1999 година.

„Ова не е за мене. Јас освоив доволно работи во кариерата и не требаше да чекирам ништо. Пресреќен сум за сите Швајцарци. Среќен сум што го живеам овој посебен тениски историски момент за Швајцарија“, вели Федерер.

Иако фаворит на фановите кога игра на Ролан Гарос, Федерер доби непријателски прием од 27-те илјади фанови кои го свиркаа при загревањето и при ретките грешки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...