Металург влезе во нова неизвесност

Металург само што излезе од едно, влегува во ново неизвесно поглавје од својата историја. По еден блесок во „Борис Трајковски“ и моменти за оддишка на навивачите, премногу брзо се врати секојдневието во „Автокоманда“. Веќе два дена, одново и наголемо се шпекулира со иднината на клубот, односно улогата на Минчо Јорданов во понатамошниот изглед на Металург.

Најгласна шпекулација беше најцрната, дека деновите на Металург, ваков каков што го познаваме се одбројани. Ова се поклопува со терминот во кој ракометарите очекуваа(т) нова исплата. Досега, од крајот на ланската сезона исплатена е само една плата и тоа во периодот кога се прекинуваше штрајкот. Тоа само дава дополнителна тежина на целата ситуација, а уште повеќе ја комплициран и односот на клубот кон јавноста, со тоа што за време на целата криза ниту еднаш нити потврди ниту, пак, демантираше, ниту, пак, најави конкретно што натаму планира да прави.

Овој пат затечени се и ракометарите. Секако дека до нив први стигнуваат сите шпекулации и (не)официјални информации, а по тоа, како во случајов дури еден ден подоцна и до медиумите, за по тоа експресно да се прошират до заинтересираните уши.

Чкрапалото беше повлечено во моментот кога Лино Червар, веројатно за првпат откако е на кормилото на Металург, место на тренинг бил на состанок со Минчо Јорданов. Барем шпекулацијата вели дека бил на состанок, иако и тоа не е потврдено официјално. Шпекулациите натаму велат дека на состанок со првиот човек на клубот биле и Ванчо Димовски и Наумче Мојсоски, но и двата ракометара тоа го демантираа.

Една верзија е дека епилогот од тој состанок наводно е дека финансиската криза не е надмината и дека „сите треба да си бараат чаре“. Оваа верзија си доби и подверзии за тоа што и како понатаму...

Втората верзија е дека кризата останува и ситуацијата ќе биде непроменета и ќе тера така веројатно и во следните 20 дена, а по тоа ќе се случи - тоа што ќе се случи.

Се обидовме да стапиме во контакт со Лино Червар, а одговорот на прашањето дали има вистина во шпекулациите дека бил на состанок и дека судбината на клубот ваков каков што го знаеме е запачатена гласи вака:

„Не верувам дека клубот ни се гаси? “.

По ова, без оглед на сè, поголеми шанси да стане вистина, даваме на втората, пооптимистичка варијанта.

ЕКИПАТА ПАТУВА ЗА ПАРИЗ

Металург без сомнение ќе патува за Париз и викендов ќе го одигра натпреварот од седмото коло од ЛШ. Во недела, македонскиот првак му гостува на ПСЖ во „Жорж Карпентие“. По ова останува само уште еден натпревар (дома со БГК Мешков) пред пауза од цели два месеца.

Тоа ќе биде, се чини, решавачкиот период за клубот. Не би имало ниту смисла да биде поинаку. Од друга страна, пак, многу работи што се случија во Металург сезонава немаат многу смисла, а сепак се случија. Затоа оставаме сè да биде отворено до моментот кога ќе добиеме некаква конкретна информација.

Сведоци сме дека во Металург ситуациите се менуваа(т) со драстични пресврти не на дневна база туку „минута по минута“, па затоа оставаме простор за секакво сценарио следниве денови, часови...

Ако треба да подвлечеме линија. Нешто се случува во Металург и тоа нешто сигурно нема да ги израдува неговите фанови. Атмосферата во која живее и работи клубот е благо кажано лоша и тоа никој и не го крие. Но, во новиов бран за разлика од претходно, не се работи за незадоволство на играчите и нема никаква основа да очекуваме да се повторат сликите од пред две недели.

Сепак, сега доаѓа на ред решавањето на најважното прашање, веројатно генераторот на сите проблеми во клубот - финансиската криза. Со динамиката со која досега се подмируваа сметките, не можеме да даваме оптимистички прогнози. Ако некаде треба драстичен пресврт, би му посакале на клубот да биде токму на овој план.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...