Куертен: „Надал ќе не изненади“

Трикратниот шампион од Ролан Гарос, Густаво Куертен најдобро знае како е да „возиш“ низ тениската кариера со повреди, и вели дека Рафаел Надал ќе се врати посилен по последните маки.

Надал нема играно од шокантниот пораз од Ник Кирјиос на Вимблдон, по што имаше проблеми со зглобот на раката, а кога го направи кам-бекот му се појави запаление на слепото црево, за кое беше потребна операција. Пред неколку дена тој потврди дека ќе оди и на третман со матични клетки на проблематичниот грб.

Деветтата Ролан Гарос титула на Надал во јуни беше најсветлиот момент во тешката година и тој се враќа по Божиќ. За Куертен, 28-годишниот тенисер од Мајорка ќе биде повторно опасен ривал.

„Загрижувачки за сите нас кои сакаме да го гледаме Рафа е тоа што го гледаме повреден, но тој секогаш знае да нè изненади. Тој лани направи пресврт и заврши како број 1. Сè е можно сонего, но сè зависи од неговата физичка подготвеност и нивото на Новак Ѓоковиќ“, вели 38-годишниот Куертен.

Бразилецот мораше да се повлече во врвот на својата кариера поради проблемите со колкот. Тој го предупредува Надал дека неговиот стил носи огромно влијание на телото, и дека вистинскиот тест ќе биде сезоната на земја на пролет.

„Рафа мисли дека тоа е негова територија. Мислам дека дури и кога ќе има 95 години нема да биде сопрен. Тој е како од друга планета на Ролан Гарос“, вели популарниот „Гуга“, кој во 2000 беше светски број 1, во 2001 ја освои третата титула од Францускиот опен, а се повлече во 2008 година по големиот број неуспешни операции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...