Без пола тим против Целје

Стоилов, Хорбок, Брумен и Карачиќ се на списокот на повредени, загубата на Лацковиќ ќе биде голем хендикеп. Здравствени главоболки имаат „вардарци“

Загубата на Блаженко Лацковиќ до крајот на сезоната, поради кинењето на Ахиловата тетива, не е единствениот проблем со кој се соочува Раул Гонзалез во пресрет на 7. коло од Лигата на шампионите, каде в сабота, во Скопје, Вардар го пречекува Целје. Шпанскиот стратег нема да може да смета ниту на Матјаж Брумен, кој по дуелот со Веспрем се пожали на болки во рамото на шутерската рака и препишан му е одмор од седум до десет дена. Игор Карачиќ исто така во понеделникот бил поштеден од тренинг поради проблеми со ногата, но тој би требало да биде на располагање за саботниот меч.

Пикерот Столе Стоилов, како и Сергеј Хорбок не патуваа во Унгарија, а се чини дека нема да може да се смета на нив ниту за мечот со Целје. Стоилов има истегнување на мускулот на задната ложа, што го принуди да паузира десетина дена, во зависност од тоа како ќе тече рехабилитацијата. Хорбок, пак, уште по првиот меч со Веспрем во Скопје доби оток на слабината. Тој требаше да одмора до понеделникот, но првиот впечаток на стручниот штаб е дека ќе треба да мирува подолго.

„Ќе видиме како ќе тече неделава. Брумен, Стоилов и Хорбок мора да паузираат и на нив нема да може да сметам со Целје. Карачиќ беше ослободен во понеделникот од тренинг, но мислам дека ќе биде добро до сабота.

Непријатна ситуација. Во Веспрем понудивме многу лоша партија, а ни се случи и повредата на Лацковиќ, што ќе биде голем хендикеп, а сега и овие здравствени проблеми“, коментира Раул Гонзалез, стратегот на Вардар.

Најголем проблем Вардаровиот тренер ќе има на левата бековска позиција, каде со исклучок на главните дефанзивци Алексеј Растворцев и Илија Абутовиќ, на располагање како опција за нападот го има капитенот Филип Лазаров. Истото важи и за десното крило каде Даниел Шишкарев е единствениот избор за сабота.

МОРА ДА СЕ ПОБЕДИ ДОМА

Здравствениот билтен е далеку од идеален, но Шпанецот на клупата на „вардарци“ останува дециден во ставот дека победа и два бода против Целје се единствената опција за да се задржи втората позиција на табелата во групата „Ц“. Словенечкиот тим е полетен откако викендов предизвика вистинско изненадување со победата над Рајн Некар Ловен.

„Главните натпревари ќе бидат во февруари, но нема да правиме математики. Вардар е потребно да ја зачува втората позиција во групата, а можноста ја имаме веќе против Целје. Секако нема да биде лесно, тие се самоуверени сега, по победата над РНЛ, но за Вардар е јасно дека сите дуели дома мора да се добијат. Важни ни се двата бода. Иако имаме проблеми со повреди, верувам во моите играчи и во сите што ќе ги имам на располагање“, заклучува Гонзалез.

САМО 1.000 БИЛЕТИ НА РАСПОЛАГАЊЕ

Само 1.000 билети се останати на располагање за љубителите на ракометот, кои в сабота, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, сакаат во живо да го следат мечот меѓу Вардар и Целје. Нивната продажба стартуваше вчера на пладне, по цена од 350 денари, а дополнително ќе бидат пуштени и околу 600 билети за стоење, кои чинат 120 денари. Продажбата на билетите е на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ или онлајн преку продажната мрежа на МКтикетс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...