Се „крчка“ зимската агенда

За да не се повторат истите проблеми со натпреварувачката форма и што поподготвени да влезат во главната фаза од Лигата на шампионите на крајот на јануари следната година стручниот штаб на Вардар веќе работи на подготвителната агенда во зимската пауза. Ракометарките се слободни од клупските обврски до почетокот на јануари (декември е комплетно резервиран за репрезентативните обврски), односно по новогодишните и божиќните празници.

Затоа, пак, Индира Кастратовиќ и нејзиниот тим веќе испратија покани за пријателски дуели до неколку силни европски екипи, а се работи и на подготвителната програма, која сигурно ќе биде надвор од нашите граници.

Кастратовиќ беше децидна во својот став дека нема да си дозволи да ја повторат истата грешка од пред почетокот на сезоната, кога поради недостиг на подготвителни дуели екипата се воигруваше преку натпреварите од Лигата на шампионите.

Во главната фаза екипата ќе се бори за што повисок пласман во групата 1 за да си го олесни и патот кој преку четвртфиналето води до Ф4 во Будимпешта.

Слично како и есенва, клучно за креирањето на богата агенда ќе биде усогласувањето на календарите со потенцијалните спаринг партнери на „црвено-црните“ дами.

Значаен фактор, секако, ќе биде и здравствениот билтен, кој да се надеваме дека конечно ќе биде поволен за „вардарки“ и ќе овозможи барем во пролетниот дел од сезоната да можеме да уживаме и да се радуваме на македонскиот шампион во комплетен состав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...