Мареј останува со Морезмо

Енди Мареј не размислува да се раздели со тренерот Амели Морезмо, но место тоа реши да ја започне новата сезона без неговиот долгогодишен пријател и тренер Дани Валверду и фитнес-тренерот Џез Грин.

„Седнавме на крајот на сезоната и одлучивме дека е потребна промена за сите нас. Тренингот надвор од сезоната и подготовките за Австралискиот опен веќе започнаа и многу сум возбуден за новата сезона. Им благодарам на Џез и Дани за напорната работа“, напиша Мареј на својот веб-сајт.

Мареј и Валверду се сретнаа додека тренираа заедно во тениската академија во Шпанија и се познаваат од тинејџерските денови. Тој се приклучи на неговиот тим во 2010 како партнер за тренинг, по што имаше се поголема улога како советник. Валверду остана во тимот додека Мареј ги смени Алекс Коретча, Иван Лендл и Морезмо како тренер.

Се верува дека ангажирањето на Морезмо било целосно индивидуална одлука на Мареј без советување со другите членови на тренерскиот тим. Мареј имаше лоша сезона во која наместо да ја одбрани титулата на Вимблдон загуби во четвртфиналето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...