Дибиров: Вардар не е двајца играчи

Можеби еден од најважните натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите Вардар го игра в сабота, во Скопје, против Целје. Двата бода во дуелот со словенечкиот првак се клучни за „црвено-црниот“ табор да се зацврсти на втората позиција во групата „Ц“.

„Вардарци“ ќе мора да го дадат најдоброто од себе викендов, со оглед на тоа дека тимот се обидува да ги остави зад себе и брзо да се издигне по тешките порази од Веспрем, а од друга страна тука се и здравствените проблеми кои сериозно го мачат македонскиот вицешампион. Ако на сето ова се додаде фактот дека Целје полетен патува накај Скопје, со оглед на тоа дека минатото коло приреди вистинска сензација со победата над Рајн Некар Ловен, јасно е дека Вардар нема да има лесна задача.

Без Лацковиќ, Хорбок, Стоилов...се отвора простор за оние со поскромна минутажа, кои ќе треба да понесат дел од товарот.

„Не можам да верувам колку спортска несреќа имавме против Веспрем, особено во оној меч во Скопје. Сè ќе беше поинаку да ги добиевме дома. Сега мора да се вратиме на она светло како пред ’падот’, односно во онаа серија од четири кола без пораз. Тоа ни е потребно и за самодоверба, но и за да го зачуваме второто место.

Вистина е дека нè мачат повредите, но Вардар не е само еден или двајца играчи. Ние сме тим кој има многу квалитетни играчи, дури и оние со помала минутажа се значаен дел од тимот. Верувам дека тие ќе бидат одлична алтернатива за саботниот меч“, смета еден од главните играчи на Вардар, Тимур Дибиров.

ЦЕЛЈЕ НЕМА ШТО ДА ЗАГУБИ

За мирно да може да ја очекуваат разврската од групната фаза во ЛШ Вардаровите ракометари мора беспрекорно да ја завршат работата во следните две кола, дома против Целје и на гостувањето кај Чековски Медведи, за десетина дена. Тие одат чекор по чекор, односно меч по меч, а најголемата опасност од словенечкиот тим доаѓа од тоа дека тие растоварени доаѓаат во Скопје, со оглед на тоа дека немаат што да загубат.

„Против Целје го играме можеби најважниот меч. Бодовите ни се потребни и за опстанок на второто место во групата, но и за враќање на самодовербата и атмосферата пред гостувањето во Русија.

Целје фати одличен ритам, а победата над РНЛ е доволен доказ за тоа. Од првото коло кое го игравме на гости многу работи се сменети. Тие добија крила со победата над РНЛ, додека ние психолошки паднавме со поразите од Веспрем, а тука се и повредите. За нас двата бода се исклучително важни, додека тие немаат што да загубат, растоварени доаѓаат во Скопје, немаат притисок и играат само за себе.

Нема да биде лесно, но и ние играме на домашен терен, ја имаме публиката како мотиватор и верувам дека ќе бидеме на победничко ниво бидејќи за нас е јасно дека дома треба да бидеме ’непобедливи’“, објаснува левото крило.

ВАРДАР Е ОПАСЕН ДОМА

Победата над Рајн Некар донесе еуфорија во редовите на Целје, но кога како тема на дискусија доаѓа Вардар, тогаш Словенците се и тоа како и внимателни и резервирани.

„Уште еден тежок натпревар. Вардар е тим, кој на домашен терен е опасен. Игра во најдобро светло и нуди далеку подобра игра отколку на гости. Нема да се оптоваруваме, ќе се обидеме да изненадиме“, коментира десниот бек на Целје, Давид Миклавчич за словенечките медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...