„Базата“ во Скопје, па релација Нант-Доха

Машката ракометна репрезентација на Македонија и програмата за подготовките и нејзиното учество на Светското првенство во Катар, во јануари следната година, беа главна тема на вчерашниот состанок на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија.

Официјално е потврдено дека селекторот Ивица Обрван првиот собир на националниот тим ќе го има на 22 декември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, локација која ќе претставува „база“ на подготовките. Воедно е дефинирана и комплетната програма, за која логистичкиот дел ќе биде комплетен на 15 декември.

„Првиот собир да биде на 22 декември во Скопје, во СЦ ’Јане Сандански’, кој нуди одлични услови за работа. До крајот на годината ќе тренираме во Скопје, каде ќе ги одиграме и двата пријателски натпревари со Израел (27/28 декември). Репрезентација која е во класата на Иран и Тунис, припаѓаат на иста школа, што е одлично за нас за што подобро да се подготвиме за ривалите во групата.

Ќе имаме пауза за новогодишните празници, а потоа продолжуваме и на 8 јануари заминуваме за Франција, каде на 9 и 10 јануари ќе настапиме на турнир, заедно со Алжир (противник во полуфиналето), како и Франција и Аргентина.

Одлучено е од Франција, репрезентацијата директно да замине за Катар, што ќе ни даде доволно време за аклиматизација пред стартот на СП и првиот меч против Тунис“, ја образложи програмата директорот на националниот тим, Никола Панчевски.

Македонија на СП во Катар ќе биде пет дена пред стартот каде ќе има доволно време да се адаптира на условите во кои ќе се соочи со Тунис, Иран, Австрија, Хрватска и БиХ како дел од групата „Б“.

Целта е пласман меѓу првите седум селекции на мундијалот, со што би се обезбедило место во квалификациите за Олимпијадата во Рио 2016.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...