Враќање во победнички ритам, Целје ќе „падне“ во Скопје

Македонскиот вицешампион Вардар ја има можноста да биде сам свој креатор на судбината во рамките од групата „Ц“ во Лигата на шампионите. За таквата позиција се свесни и „црвено-црните“ момци, кои в сабота, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го пречекуваат словенечкиот првак Целје. Двата бода од овој меч можат да бидат и клучни за зачувување на втората позиција на табелата.

Тимот се соочува со проблеми со повреди, а и двата порази од Веспрем негативно влијаеја на самодовербата, но на вчерашната средба со медиумите јасно беше ставено до знаење дека триумф е единствената карта на која играат „вардарци“.

„Знаеме дека мора да го добиеме натпреварот. И покрај повредите Вардар ја има фаворитската улога и верувам дека нема да дозволиме Целје да нè изненади во Скопје.

Тие имаат одлична екипа и се во одлична форма, додека ние се соочуваме со повреди. Тоа само значи дека ќе мора да играме борбено сите 60 минути. Знаеме какво значење има овој меч, па поради тоа верувам во позитивен резултат“, заклучува крилото на „вардарци“, Матјаж Брумен.

Можеби во тимот ќе недостасуваат Лацковиќ, Брумен, Хорбок, Стоилов... но Раул Гонзалез верува во квалитетите на сите момци, кои ги има на располагање, па од таму верува и во победа.

„Нè очекува многу важен меч на домашен терен, можеби и клучен за да ја зачуваме втората позиција на табелата, со оглед на тоа дека барем во моментов врвот е резервиран за Веспрем.

Целје е противник кој игра одлично во одбраната, има брза контра, како и среден бек, кој одлично го организира нападот. Со победата над РНЛ, тие се самоуверени и во добар ритам, за разлика од нас, кои се соочуваме со повреди.

Ќе недостасуваат дел од играчите, но ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од нас и да го спречиме нивниот брз контранапад“, вели Раул Гонзалез, тренерот на Вардар.

Сезонава „тврдина“ СЦ „Јане Сандански“ попушти само еднаш, со несреќниот пораз од Веспрем, но сега е вистинско време да ја врати својата цврстина. Враќањето на победничките патеки и тоа како е потребно за Вардар, а несомнено поддршката од публиката, како и секогаш го носи дополнителниот мотив и ветерот во едрата, кој е потребен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...