Индиската „тениска авантура“

Нема одмор за Роџер Федерер. Освежен по Дејвис куп титулата со Швајцарија, Федерер се подготвува за играње на новата Интернационална премиер тениска лига (ИПТЛ). Покрај Федерер на тимското натпреварување од краток формат се прворангираните тенисери на светот, Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс.

ИПТЛ стартува со турнир во Манила, на Филипините, по што следуваат турнирите во Сингапур, Њу Делхи и Дубаи до 13 декември. Андре Агаси и Пит Сампрас се помеѓу пензионираните великани кои ќе бидат на турнирот во кој ќе настапуваат четири тима - Манила Маверикс, Сингапур Сламерс, Индијан Ејсис и УАЕ Ројалс.

„Се работи за револуционерен тимски тенис кој ги руши границите на традиционалниот формат. Треба само да бидеме внимателни и да не бидеме премногу агресивни. Мораме да осигураме турнирот да биде исплатлив бизнис модел“, вели основачот на ИПТЛ, поранешната ѕвезда во игра на двојки, Индиецот Махеш Бупати.

МНОГУ ПРОМЕНИ ЗА ИНТЕРЕСЕН ТЕНИС

На турнирот ќе се играт сингл во мажи и жени, машки двојки, мешани двојки и сингл на легенди во егзибициски турнир со натпреварувачки лик. Секој дуел ќе се состои од пет меча од еден сет, кои можат да бидат одлучени со петминутна „престрелка“ на 5:5 наместо традиционален тај-брејк. Нема да има предност на 40:40 и резултатот ќе биде одлучен од вкупните освоени гема од петте меча наместо индивидуалните резултати.

Исто така ќе има и „пауер“ поени, со кои играчите ќе имаат шанса да го удвојат поенот во секој меч со номинирање пред примање сервис. Покрај тоа постојат и тајм-аути.

НЕМА КРАЈ НА ТЕНИСКАТА СЕЗОНА

Вилијамс, која победи на ВТА шампионатот во Сингапур минатиот месец вели дека едвај чека да се обиде во лигашкиот тенис.

„Едвај чекам да се вратам во Сингапур и да играм за тимот на Сингапур Сламерс. Се надевам дека ќе уживаме“, вели Вилијас.

Федерер е еден од поддржувачите на игра во скратен формат. Тој исто така ќе игра со поранешниот светски број 1, Лејтон Хјуит во партија „брз тенис“ во Сиднеј пред Австралискиот опен.

Од друга страна, по долги години борба за подолга пауза меѓу сезоните, сега паузата е повеќе од еден месец, така што учеството на ѕвездите во ИПТЛ е помалку иронично.

Претседателот на АТП, Крис Кермоуд минатиот месец ја опиша ИПТЛ како „серија на славни егзибиции“.

„Во основа немам проблем со тоа. Не е работата на АТП да одлучува што ќе прават тенисерите надвор од сезоната, иако тие ја критикуваат должината на турнејата и потоа веднаш се брзаат на егзибиции“, вели Кермоуд.

МАНИЛА МАВЕРИКС: Енди Мареј, Жо-Вилфрид Цонга, Марија Шарапова, Карлос Моја

СИНГАПУР СЛАМЕРС: Серена Вилијамс, Томаш Бердих, Лејтон Хјуит, Патрик Рафтер

ИНДИЈАН ЕЈСИС: Роџер Федерер, Ана Ивановиќ, Пит Сампрас, Санија Мирза

УАЕ РОЈАЛС: Новак Ѓоковиќ, Марин Чилиќ, Каролине Вознијацки, Горан Иванишевиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...