Веспрем виде мака од борбениот Металург

Веспрем и од петтата пресметка со македонските тимови излезе како победник, а овој пат славеше во „Борис Трајковски“, над Металург во рамките на СЕХА ГСС лигата.

Во пораз нема што да се бара убаво, но не би било искрено ако не кажеме дека очекувавме Металург многу полошо да мине или Веспрем со многу помалку напор и резултатска неизвесност да го заврши натпреварот.

ИЗРАМНЕТО ПОЛУВРЕМЕ

Ренато Вугринец го доведе Металург во почетно водство, а но веднаш вратија Унгарците и поведоа со 3:1. Сепак, ритамот беше бавен, голови не се постигнуваа лесно и на двете страни што беше вовед во израмнет дуел.

По десет минути игра Металург стигна на минус еден (3:4) и во следните петнаесетина минути се играше со таа разлика. Веспрем ќе поведеше со два гола, Металург ќе намалеше на еден.

Минутите минуваа, а македонскиот тим стануваше сè порамноправен и конечно во 25. минута Вугринец постигна гол за 9:9. Веднаш потоа, на големо задоволство на публиката, Миркуловски го матираше одличниот Миклер за второ водство на Металург (10:9).

Металург водеше и со 11:10, пред Чема Родригез да го доведе Веспрем во ново водство. Мојсоски од седмерец израмни на 12:12, но последниот напад на Веспрем заврши со седмерец и со свирежи кон судиската двојка. Илиќ погоди за 13:12, а актерите на борбеното полувреме со аплаузи беа испратени кон соблекувалните.

Истото не важи за судиската двојка од Србија кој три пати во првиот дел ги крена на нозе гледачите и би рекле заслужено беа испратени со салва од свирежи.

СÈ РЕШЕНО ЗА ПЕТ МИНУТИ

Вториот дел почна во знакот на гостите. Набрзина ја раширија играта преку крилата и како резултат на тоа двапати Маргуч и еднаш Иванчик погодија за водство на Веспрем од 16:12.

Обидот на Металург да се врати во игра го запре вонсерискиот Роланд Миклер. Тој одбрани пет шест удари во првите 10 минути од полувремето од кои три беа седмерци. Тоа пак го доведе Веспрем до серија од 6:1 и водство од 19:13. Згора на сè, по еден старт Миркуловски се пожали на болка во рамото, кој потоа веќе не влезе во игра.

ИГРА ЗА МЕРАК НА ПУБЛИКАТА

Натпреварот, веќе беше загубен, но Металург не се даваше. Неможноста резултатски да ја израдува публиката, ракометарите на скопскиот тим ја претворија во забава за публиката.

Голот број 15 за Металург беше мало ремек-дело и ако се бира најубав гол во СЕХА, акцијата која почна од Вугринец, кој прво пресече напад, а по тоа фрли контра за Ѓукиќ, но преку глава, свртен со грбот кон противничкиот гол. Луцидното крило ја надополни атрактивната асистенција со „вртена“ топка која заврши во мрежата на Миклер.

Металург стигна со 16:20 пред Веспрем да влезе во нова решавачка серија од 3:0 за водство од 23:16.

Во 55. минута уште една атракција за гледачите приредија стариот мајстор Вугринец и луцидното крило Ѓукиќ. Овој пат се работеше за двоен цепелин кој одново ја крена публиката на нозе. Тоа беше гол за 20:25, а во последните пет минути и двата тима постигнаа по два гола за конечен резултат од 22:27.

За Веспрем ова беше 11. победа од исто толку натпревари, Металург има четири победи и пет порази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...