„Вардарки“ во стандарден термин

За македонскиот шампион Вардар дефинитивни се датумите и термините за натпреварите од главната фаза од Лигата на шампионите. Така, продолжението од најквалитетното европско клупско натпреварување за девојките на Индира Кастратовиќ почнува на 30 јануари (петок) на гостувањето кај Лајпциг од 19:30 часот. Во договор со „АЛФА“ телевизијата, која ги има правата за пренесување на натпреварите од ЛШ, „вардарки“ кога играат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го задржуваат стандардниот термин, сабота, 19 часот, па така Крим го пречекуваат на 15 февруари, Лајпциг на 28 февруари, додека главната фаза ја заокружуваат со Динамо на 14 март.

Второто гостување во Русија „вардарки“ ќе го имаат на 15 февруари од 16 часот, а засега сè уште е непознат терминот за третото гостување во Словенија, кај Крим Меркатор, со оглед на тоа дека домаќинот ја нема доставено таа информација.

Вардар натпреварувањето по групи го финишираше на второто место во групата Б, што му овозможи во главната фаза да пренесе три бода, кои се основа за да се брка што повисок пласман на патот кон четвртфиналето.

Најголем дел од Вардаровите ракометарки во моментов се посветени на репрезентативните обврски и настапите на Европското првенство, додека првиот собир и подготовките за вториот дел од сезоната екипата ќе ги има на 5 јануари во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...