Ц. Гора ја брани балканската чест

Македонија во 2008 година беше домаќин на сениорско ЕП, го оствари најдобриот пласман и по тоа првенство беше означен почетокот на крајот на македонската женска репрезентација. Денеска, шест години подоцна, Македонија не е кадарна да ја совлада ниту Италија, на домашен терен.

Србија беше домаќин на ЕП и СП во рамки на една година и освои едно сребро и едно четврто место. Годинава беше елиминирана во прелиминарната рунда. Немаат адекватни замени за сегашните ѕвезди, а наскоро и таму ќе почнат отказите.

Хрватска е актуелен домаќин на ЕП и не успеа да ја мине ниту првата рунда. И кај нив ситуацијата е иста. Пенезиќ најави отказ, па се повлече, но би рекле дека првиот потег е одигран.

Ц. Гора можеби е полуфиналист, но беше на работ одбраната на златото да ја претвори во скромен пласман. Успеа да направи пресврт и да стигне до полуфинале, но прашање е до кога ќе ги следи среќата или кога ќе се погоди некоја судиска двојка која нема да го толерира нивниот нежен стил на игра.

Потфрли и Унгарија, која е домаќин и одамна без шанси за полуфинале, дури не можеше да ја совлада Данска, која повеќе од пола меч го играше со маркер место голман. Русија и Украина се дома по прелиминарната фаза. Романија и овој пат не направи ништо за паметење.

Дали е ова најава за крај на Ју-источниот ракомет?

Поглед кон составите на репрезентациите, состојбата на клупски план, изјавите на челниците на федерациите... би рекле дека Србија и Хрватска тргнуваат по патот по кој веќе киниса Македонија, а чекори и Словенија. Украина и Русија се некоја друга приказна, но веќе не се велесили, згора на сè државите се во криза, а кога ќе дојде ред да се кратат буџети, ракометните клубови се блиску до врвот на листата за острел.

Малата Ц. Гора остана да ја брани балканската чест, но и таму сè е во рацете на „еден“ човек, а веќе сме виделе како изгледа кога едно утро ракометната мецена ќе се разбуди со мисла дека му е доста.

Во секој случај, многу теми за размислување.

ПОЛУФИНАЛНИ ПРЕСМЕТКИ

Во моменти кога клупскиот ракомет во Шпанија е во најголема криза, „гереросите“ ги побија сите теории и стигнаа до полуфинале во „два чекора“. Таму ги чека Ц. Гора и веруваме возбудлив натпревар во кој победникот ќе се решава во „фото-финиш“.

Норвешка и Шведска на ова ЕП загубија дури во последното коло откако веќе имаа полуфинале во џеб, па останува да видиме дали Шведска на пример би можела да ја промени хиерархијата во Европа, каде веќе десетина години, имало-немало, се Норвешка и Данска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...