Прва победа за македонската хокеарска репрезентација

Скопје, 21 декември 2014 (МИА) - Македонската хокеарска репрезентацијa денеска ја забележа првата, историска победа, реванширајќи им се на младите бугарски хокеари за вчерашниот пораз.
 
Македонија до победата дојде по изведувањето пенали со 4:3 откако резултатот по 60.минути беше нерешен 3:3.
 
Бугарија која на двете контролни средби со Македонија настапи со играчи до 20 години, ја доби првата третина со 2:1, Македонија во втората третина направи резултатски пресврт и поведе со 3:2, а во последната гостите успеаја да стигнат до пенал серијата, исто како вчера.
 
Головите за Македонија ги постигнаа Јуре Внук два и Давор Атанасов, а Внук беше реализатор и на решавачкиот пенал за победа на „црвено-жолтите“.
 
Сепак, за разлика од вчерашниот меч, денеска среќата беше на македонска страна.
 
Двата натпревара се играа на лизгаште на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...