Будимпешта, 21 декември 2014 (МИА) – Норвешката женска ракометна репрезентација е нов шампион на Европа, откако вечерва во финалето на Европското првенство, во Будимпешта ја совлада Шпанија со 28:25.
Шпанската селекција во поголемиот дел првото полувреме беше во водство кое на моменти достигнуваше и пет голови разлика, додека вторите 30 минути во целост им припаднаа на Скандинавките.
Корен со десет голови беше најефикасна во победничкиот состав, исто толку погодоци во репрезентацијата на Шпанија даде Нереа Пења.
За Норвешка ова беше деветто финале и шеста шампионска титула.
Претходно во дуелот за 3.место Шведска ја победи Црна Гора со 25:23.