Обрван ги собра „шеиците“

Најголема грижа на Обрван е ситуацијата во која се наоѓа тимот, (особено ракометарите на Металург), па така посебно внимание ќе се посвети на кревање на формата и атмосферата

Лежерна атмосфера, насмеани лица и враќање во позната средина – така делуваше синоќешниот собир на машката ракометна репрезентација на Македонија во хотелот „Русија“, со кој беше означен почетокот на подготовките за Светското првенство 2015 во Катар. Екипата пред само месец дена беше последен пат заедно, во квалификациите за ЕП 2016, но овој пат е поинаку затоа што „тргнува“ мисијата наречена „пустинска авантура“, која носи и виза за Олимписките игри во Рио. Но, се чини дека слично како и на собирот за континенталните квалификации, така и сега главна грижа на селекторот Ивица Обрван се репрезентативците кои го носат дресот на Металург, како и состојбата во која го пречекуваат собирот на националниот тим.

„Морав да бидам директен и да им кажам на играчите дека не изгледаат добро, мислам на оние од Металург, кои имаа подолг одмор што се однесува на континуирана работа и нормален тренажен процес. Со оглед дека тие се основата на тимот, имаме екипа што ниту психички, ниту физички не е на потребното ниво, што е една нова ситуација за мене како селектор и истата пречи на високото ниво кон кое целиме. Фала богу засега здравствениот билтен ни е добар и се надевам дека така и ќе остане. И јас и играчите сме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме, а тоа мора да го знае и спортската јавност. Не бараме алиби, само ги изнесуваме фактите.

Поради тоа најважно во овој момент е да се кренеме како екипа и ќе го дадеме максимум за да го поправиме тоа. Мора тимот да го вратиме на потребното физичко и психичко ниво и низ понатамошна работа што поподготвени да го почекаме стартот на СП во Катар. Секако да се помине групата и да се обезбеди пласман во осминафиналето, што би ни овозможило да влеземе меѓу најдобрите осум, а со тоа и настап во квалификациите за Олимпијадата во Рио, што е и нашата цел“, објаснува селекторот Ивица Обрван, по синоќешниот состанок со репрезентативците.


„ТРГНАА“ БЕЗ КАПИТЕНОТ И СТОЈЧЕВСКИ

Капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров ја пропушти првата прозивка поради клупски обврски, односно неговата Барселона вчера попладнето се соочи со Гранолерс во АСОБАЛ купот. Тој се очекува веќе деновиве да се стави на располагање на селекторот. Покрај десниот бек, синоќа недостасуваше и Никола Стојчевски, кој последниот настап за годинава со Редбергслид го има в петок, па се очекува дека ќе му се приклучи на тимот за пријателските дуели со Израел.

РИСТОВСКИ СО СИТНА ПОВРЕДА

Борко Ристовски во репрезентативните обврски се впушта со ситна повреда на нервот на грбот, која нема да му пречи во извршување на тренажниот процес, но ќе се консултира со селекторот и докторите за тоа како ќе функционира.

„Во добра форма сум, но факт е дека во последните четири недели бев помалку активен во клупските обврски со оглед на тоа дека санирав повреда на нерв на грбот. Требаше комплетно да одморам, но поради важноста на последните два натпревари се најдов во составот. Можам да тренирам нормално, но на одредени движења чувствувам болка и поради тоа ќе мора да се консултирам со селекторот и докторите за да продолжам со санација. Нема соодветна терапија за побрзо заздравување, туку посебни истегнувања кои ги правев во Франција, а ќе подолжам и тука. Незгодна е повредата, нерв, може ситуацијата да се менува од ден на ден.

Ќе видиме дали е неопходно да бранам на пријателските натпревари со Израел или ќе почекаме 100% да сум подготвен. Мислам дека нема да има никакво проблем и дека во најдобро светло ќе го дочекам СП“, вели Борко Ристовски.

Подготовките се поделени во неколку циклуси. Од денеска екипата стартува со работа по два тренинга дневно, се до 30 декември (каде се вклучени и двата суели со Израел). Потоа екипата ќе има пауза до 2 јануари, кога одново тимот се собира на попладневен тренинг и ќе бидат активни се до 6 јануари, за на 8 јануари да заминат на турнир во Франција, од каде ќе се патува за Катар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...