Алжир прв вистински тест за македонските ракометари

Машката ракометна репрезентација вечер во Нант го игра првиот натпревар на турнирот во Франција, а противник е селекцијата на Алжир. Ова воедно е првиот вистински тест за избраниците на селекторот Ивица Обрван пред настапот на Светското првенство во Катар.

- Алжир е вистинска проверка за тоа што не очекува на стартот на шампионатот во Катар и првиот натпревар со Тунис. И Алжир е дел од „африканската школа“ каде предводници се Тунис и Египет. Нашиот вечерашен ривал е помалку квалитетен, но негуваат ист стил на игра, агресивен и борбен, изјави репрезентативецот Наумче Мојсовски пред заминувањето за Франција.

Нашите ракометари синоќа имаа и тренинг во салата во Нант, а надминат е и проблемот со багажот и комплетната опрема е пристигната во Нант. Дуелот меѓу Македонија и Алжир почнува во 20:45 часот, а претходно играат Франција и Аргентина (почеток 18:15 часот).

Утре на програмата се натпреварите за конечен пласман на турнирот и победниците ќе играат во финалето, а поразените во дуелот за 3.место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...