Глазура на формата се прави во Нант

Дружењето на македонските ракометни љубители со машката репрезентација од денеска до (се надеваме) последните денови од јануари продолжува преку тв екраните. Вчера, рано наутро македонскиот тим замина од Македонија за Доха, а патувањето до престолнината на Катар ќе биде со дводневно гостување во францускиот Нант.

Вечерва Македонија ќе одигра контролен меч со Алжир на турнирот „Интернасионал“ кој се игра по принцип на „фајнал фор“, а утре со победникот или поразениот од натпреварот Франција – Аргентина.

ОД МИНУС НА 13 НА ПЛУС 28

Македонската репрезентација замина од Скопје и куртули од климата на која Скопје не ѝ е омилен град деновиве. Па така вчераутро кога ракометарите ја напуштаа базата „Русија“, надвор температурата беше безмалку сибирска. Минус 13 покажуваше термометарот во „заледениот“ автомобил на нашиот фотограф Радован Вујовиќ во 04:10 часот, единствениот кој ги испрати ракометарите во потоплите краишта.

Во Нант приказната во тој поглед се смени, таму вчера дневна температура беше 11 степени, но вистинското допрва доаѓа. Викендов репрезентацијата се сели во Доха, каде вчера на пример, според господинот Андерс Целзиус беа измерени (максимални) 28 степени.

БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

Рутата ја водеше Македонија во Загреб и Париз пред крајната дестинација. Цела Франција е во „вонредна“ состојба по терористичката акција во Париз и вчерашниот тензичен ден што резултираше со засилени мерки на аеродромите. Сведоци на овие дејствија беа и македонските ракометари кои ги минуваа строгите мерки за безбедност на главниот париски аеродром „Шарл де Гол“.

БАГАЖОТ ЗАДОЦНИ

Репрезентативците стигнаа во Нант според предвидениот план, но разочарувањето ги стигна на аеродромот. Играчите стигнаа, но не и багажот. Тимот доби ветување дека багажот ќе стигне без да има промени на терминот за тренинг, но тоа остана да се чека на реализација.

ПРВА СЕРИОЗНА ПРОВЕРКА

Ако дуелите со Израел беа повеќе „разбивање“ на монотонијата од тренинзи, тогаш дуелот со Алжир секако е првата сериозна контрола и можност поточно да се согледаат моментните перформанси на тимот.

Не очекуваме врвна претстава од неколку причини. Прва логична причина за нас е таа дека на шест дена до стартот на мундијалот никој нема да ризикува опасност од повреда и сметаме дека (посебно) напаѓачите ќе бидат резервирани во дуелите.

Ниту тактички не очекуваме да се отворат сите карти затоа што „очи и уши“ во Нант ќе имаат и селекторите на сите репрезентации од групата „Б“ и сите заинтересирани за тоа што и како игра Македонија сигурно ќе добијат квалитетен материјал. Поради ова веруваме дека Обрван ќе скрие доста работи, можеби ротацијата ќе биде „чудна“ итн.

Не може да чекаме Македонија да игра нешто друго од тоа што го игра, но на крајот на денот, не очекуваме резултат од Нант. Целта е да се дотераат деталите во играта, а притоа и да се скрие тактика и да се заштитат играчите.

Алжир се чини е идеален противник. Тие учествуваа на турнир во Словенија и беа убедливо совладани од домашните со 11 гола разлика. Тој резултат ја формира нашата прогноза за финале Македонија – Франција.

ЛАЗАРОВ: ЦЕЛТА Е ЧЕТВРФИНАЛЕ

Турнирот во Франција доаѓа во вистински момент за да видиме до каде сме со формата. Трениравме напорно, екипата е сплотена има добра атмосфера, но потребно е да видиме како тоа ќе го пренесеме на теренот. Да ги согледаме маните и недостатоците на кои ќе треба да поработиме, паралелно со прилагодувањето во Доха.

Си поставивме јасна цел – четвртфиналето на СП и со мислите веќе сите сме таму. Имаме силна рамноправна група, во која ќе ја издвојам Хрватска, за да го испочитувам нејзиниот досегашен успех, но мислам дека по квалитет секој може да победи секого. Поради тоа се надевам на добра игра и дека уште во групната фаза ќе знаеме дали нашите цели се оправдани“, коментира Филип Лазаров.

ГАЉАРДО ГИ ТЕСТИРА „ЕКСПЕРТИТЕ“

Натпреварите ќе се играат во салата „XXL“ која е изградена во 2013, а први на теренот (18:00ч.) ќе излезат репрезентациите на Франција и Аргентина. Едуардо Гаљардо носи со себе исклучително талентиран и веќе искусен состав, со единствена мака – Диего Симонет. Тој пропушти добар дел од сезоната (не го гледавме на дуелите од ЛШ меѓу Вардар и Монпеље) и прашање е колку е подготвен. Доколку е, Французите кои настапуваат без Абало ќе имаат вистински тест за одбраната затоа што за разлика од Монпеље, во тимот на Аргентина Диего Симонет има целосна слобода во играта и тоа го прави исклучително опасен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...