Червар си ги препишува успесите на Обрван

Актуелниот тренер на Металург, Лино Червар, кој е поранешен селектор на селекцијата на Хрватска, деновиве е интересен за хрватските медиуми како аналитичар за случувањата на Светското првенство во Катар.

Така во една анализа, за „Јутарњи лист“ каде зборува за групата „Б“ и Македонија, како противник на Хрватите во истата стратегот ја претставува нашата репрезентација како Металург, а успесите на Обрван си ги препишува како заслуга за работата во клубот.

„Моите играчи ја прават основата на македонската репрезентација во Катар, дури осум ги има во репрезентација. Исклучок се Кире Лазаров и Борко Ристовски, како и едно-две имиња од Вардар, сите други се „металурзи““, вели Червар.

На прашањето како ќе го оцени водењето на Ивица Обрван на нашиот тим и на играта на Македонија, Червар одговара:

„Делуваат многу добро, особено на првиот меч со Тунис. Тоа е доста искусна репрезентација, овие години во Металург поставивме тактичка дисциплина и така играат и сега. Македонија нема звучни имиња освен Кире Лазаров, но за секој може да бидат многу незгодни.

Главната проверка колку се навистина силни ќе ја имаат со Хрватска. Хрватска е фаворит, но исто така мораат да знаат дека играат против силно организирана екипа. Имаат одличен пивот, голман и Кире, кој е лидер“.

Инаку, Червар, како што најави и пред десетина дена, СП ќе го следи од Загреб, во исчекување на информација од првиот човек на клубот, Минчо Јорданов, каква ќе биде судбината на Металург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...