Кавтичник: „ Не би сакал да играме со Македонија“

Во зависност од резултатот на денешните натпревари од последното 5. коло од прелиминарната фаза на Светското првенство ќе бидат дефинирани и првите четири осминафинални двојки.

Македонија како опции ги има или Словенија или Катар (одново во зависност од тоа како ќе одиграме со Австрија) и на која позиција ќе бидеме во групата „Б“. Како што размислуваме и ние, така и Словенија, која е една од можните осминафинални противници на нашиот тим, прави математики за елиминациите.

Тие денеска се соочуваат со непоразената Шпанија и се надеваат на сензација, која ќе им овозможи да ја избегнат Македонија.

„Сè уште не е готово, ние имаме амбиција да ја совладаме Шпанија“, вели Вид Кавтичник, леворакиот универзалец на словенечкиот тим.

„Сепак, ако тоа не се случи, би сакал да ја избегнеме Македонија во 1/8 финалето и да играме со Австрија. Македонија нè совлада на ЕП во Србија, имаат добар тим, а Австријците некако повеќе би ни одговарале“, вели ракометарот на Монпеље.

Со тоа се согласува и неговиот репрезентативен соиграч Горазд Шкоф.

„Австрија е во моментов можеби побрза репрезентација, но јас не би сакал за противник да ја добиеме Македонија. Македонците имаат добар тим, играат одлично на овој турнир и подобар избор за нас, секако, е Австрија. Но, не е уште готово, ние имаме натпревар со Шпанија, можеме да победиме таму и да ги промениме сите работи“, изјави голманот Шкоф, еден од најзаслужните за триумфот на Словенија над Бразил, клучен за нивниот пласман на третото место во групата до овој момент.

Едно е сигурно, без разлика каков ќе биде резултатот на дуелот меѓу Шпанија и Словенија, кои играат од 15 часот, Словенците ќе бидат целосно фокусирани и будно ќе го следат мечот меѓу Македонија и Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...