Ја одбравме Словенија за да ја победиме

Балканската „нота“ се чини како да нè следи низ целото Светско првенство во Катар, па така откако успешно ја преживеавме балканската група, сега ги имаме поранешните северни браќа, Словенија, како противник во осминафиналето.

Ако досега се калкулираше и имаше простор за „пресметан“ пораз утре, 16:30 часот, Македонија влегува во битка „да се биде или не“ на патот кон крајната цел на нашата репрезентација на Мундијалот – квалификациите за Олимписките игри во Рио 2016.

Некако Словенија се чинеше како подобар избор за во елиминациите, со оглед на тоа дека Катар е домаќин, а нивната цел е полуфиналето, па и домашниот терен, а и тивката поддршка од ИХФ можеше да биде кобна за нас и нашиот олимписки пат.

А, нема да ни биде првпат да се најдеме очи в очи со Словенците, кога е во прашање еден таков влог. Во овој случај Македонија веќе има една добиена битка, на Европското првенство во Србија 2012 година, кога игравме за пласман на 5. место, кое водеше во квалификациите за Олимпијадата во Лондон кога ги победивме со 28:27.

МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНЕЦ

Ренато Вугринец, се чини, ќе ја има најтешката задача на утрешниот меч со Словенија, со оглед на тоа дека десниот бек ќе игра против своите сонародници.

„Словенија е прва, Македонија ми е втора татковина. Не знам, сега веднаш по пласманот во осминафиналето ми е малку тешко да мислам на тоа.

Стручниот штаб оцени дека Словенија ни е подобрата опција за 1/4 финале. За Словенија имам 200 настапи и не знам колку голови, но ете таква е судбината.

Ништо, играм за Македонија и ќе дадам сè, како вистински професионалец за тој натпревар да го добиеме. Ќе видиме по два дена кој ќе се радува. Тоа е натпревар, јасно кога ќе помислиш тогаш се мешаат емоции, но реков, јас сум сега во Македонија и ќе направам сè за да победиме и да се пласираме во 1/4 финалето“, дециден е Вугринец.

ПРЕСМЕТКА НА ГОЛГЕТЕРИТЕ

По комплетирањето на прелиминарната фаза на водечките места на листата на стрелците стојат двајцата најдобри ракометари и во нашите и во редовите на словенечката репрезентација.

Драган Гајиќ е актуелен лидер меѓу стрелците со 43 гола во досегашниот тек од првенството, со 72.88% ефикасност во реализацијата.

За разлика од него Кирил Лазаров е на третото место на листата со 38 погодоци или 56.72% реализација.

Тоа носи една дополнителна линија на овој меч, каде љубителите на ракометот ќе може да го видат најдоброто од голгетерите кои и се борат за врвот на листата на стрелците.

ПОЗНАТО ЛИЦЕ – КОЗЛИНА

Поранешниот ракометар и на Металург и на Вардар, Миладин Козлина е уште едно познато лице во редовите на репрезентацијата на Словенија. Левиот бек беше повреден во пресрет на мундијалот и неговиот настап беше под знак прашалник, но, сепак, е во игра.

Неговото одлично познавање на македонските репрезентативци, како и на нивната игра во клупските настапи може да биде предност која словенечкиот селектор ќе се обиде да ја искористи за тактичка предност.

И за Македонија и за Словенија е јасна целта в недела – победа. Повеќе никој нема право на кикс, ниту на поправен, а единствената опција е триумф за да се реализира амбицијата која си ја поставивме уште на почетокот на подготовките – квалификации за ОИ Рио 2016.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...