Рио ќе го бркаме преку ЕП

Ноќта спроти првите 1/8 финални натпревар на Мундијалот во Катар, Светската ракометна федерација (ИХФ) ги скрати сите шпекулации кои почнаа брзо да се шират и официјално го потврди форматот на натпреварување и квалификациите за ракометниот турнир од претстојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, што ќе се одржат во 2016 година.

Нов и многу важен момент кој веројатно го олабави притисокот кај сите 1/8 финалисти, посебно кај тие од Европа е што Мундијалот во Катар не е последна шанса за билет за предолимпискиот квалификациски турнир, туку истиот ќе може да се обезбеди и преку ЕП во Полска. Тоа првенство ќе се игра следниот јануари, Македонија има добра позиција во квалификациите. На олимписки квалификации може да се стигне доколку се биде една од двете најдобри селекции, зад сите оние што веќе ќе имаат билет за ваков турнир или, пак, ќе имаат обезбедено автоматско учество за ОИ. Тоа значи дека во најлудата комбинација и деветто и десетто место во Полска можат да носат олимписки квалификации.

ИГРАЊЕ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ

Форматот на Олимпискиот турнир останува ист како во Пекинг 2008 и во Лондон 2012. Ракометниот турнир на ОИ во Рио де Жанеиро ќе се игра со по 12 репрезентации и во машка и во женска конкуренција. Само домаќинот Бразил автоматски обезбедува пласман и во двете конкуренции.

Светското првенство во Катар е местото од каде се обезбедуваат најмногу места во квалификациите. Светскиот шампион обезбедува директно учество, додека селекциите од второто до седмото место ќе обезбедат учество во олимписките квалификации. Промената од претходните квалификации кои се играа во Шведска, Шпанија и Хрватска е што сега три континенти мора да бидат домаќини. Ќе учествуваат по четири селекции, а најдобрите две од секоја група ќе се пласираат на ОИ во Рио де Жанеиро.

ПОДЕЛБА НА МЕСТАТА ВО РИО

Бразил како домаќин, и екипата која ќе го крене шампионскиот пехар од СП 2015 во Катар ќе се квалификуваат директно на Олимписките игри.

Четири континентални места - по едно директно место на ОИ ќе добијат шампионот на Европското првенство во 2016 во Полска (или вице-првакот во случај светски првак и европски да е истиот тим), првакот или вице првакот (во случај Бразил да е шампион) на Пан-американските игри во 2015 што ќе се играат во Канада, во Торонто, по тоа билет за Рио е има и од Шампионатот на Африка во 2016 во Египет и на Азискиот квалификациски турнир што подоцна годинава ќе се одржи во Катар.

Ако светскиот шампион воедно стане и континентален првак, тогаш билетот се пренесува на вицешампионот од континенталниот собир.

ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ

Шест места за предолимписките турнири ќе бидат резервирани за репрезентациите од втората до седмата позиција од СП во Катар.

Секој континент ќе даде по еден претставник за овие турнири преку ЕП во Полска, Шампионатот на Африка од Египет, Азискиот квалификациски турнир во Катар и Пан-американските игри во Торонто.

Двата најдобри континенти на СП во Доха ќе добијат по уште едно дополнително место за олимписките квалификации. Уште од сега се знае дека Европа ќе биде еден од тие два континенти, па така од Полска две екипи ќе одат на олимписки квалификации.

Квалификациските турнири за ОИ во Рио де Жанеиро ќе се одржат напролет во 2016 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...