Совршен деби-триумф за Харгин

Швеѓанецот Матијас Харгин избра совршено место за својата прва победа во кариерата - на тешкиот слалом во Кицбил, разочарувајќи ги австриските фанови.

Откако беше трет по првото возење, Харгин беше совршен во второто за да има комбинирано време од 1:43.10, за 0.49 секунди пред главниот фаворит и лидер по првото возење, Австриецот Марсел Хиршер, кој направи грешка во второто возење. Германецот Феликс Нојројтер, победникот од минатата година, беше трет, но остана лидер во слалом.

„Обично сум многу смирен човек, но ова е навистина неверојатно. Конечно ми успеа! Уште поубаво, победата дојде тука во Киц. Тешко е да се победи против момци како Хиршер и Нојројтер“, вели 29-годишниот Харгин, кој имаше три подиуми од дебито во Светскиот куп пред осум години.

Лани тој беше најблиску до победа, кога беше втор зад Марио Мат во Вал Д’Изер. Швеѓанецот доби пофалби од ривалите за првата шведска победа во СК по таа на Андре Мирер на слаломот во Леви во ноември 2012.

„Матијас имаше фантастична трка и мора да му честитаме. Тој сосема ја заслужи победата. Јас со второто место и 160 поени овој викенд не можам да се жалам. Секогаш сум нервозен во Кицбил“, вели Хиршер.

На програмата од Светскиот куп следува ноќниот класичен слалом во Шладминг во вторник навечер, што е последна трка пред Светското првенство во Вејл и Бивер Крик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...