Супербол 2015 - американскиот фудбалски празник на MaxTV

Еден од најгледаните спортски настани на планетава, овогодинешното 49-ти издание на Super Bowl финалниот натпревар од американската фудбалска лига, ќе ги возбуди и задоволи фановите на овој спорт на почетокот на февруари.

На стадионот на Феникс универзитетот во Глендејл, Аризона силите ќе си ги одмерат тимовите на Њу Ингланд Патриотс и Сиетл Сихоукс. Фаворит според обложувалниците, за подигнување на сребрениот трофеј во облик на фудбалска топка е тимот на Патриотс, и покрај тоа што тимот од Сител и минатата година го освои овој трофеј. Покрај одличниот фудбал кој ќе може да го погледнат фановите на овој спорт, атмосферата ќе биде надополнета и со перформанс на американската поп принцеза Кети Пери.

Кети Пери заедно со Лени Кравиц ќе ја загреат температурата на стадионот во Аризона на полувремето од натпреварот, а американската химна ќе има привилегија да ја испее Идина Мензел.

Fox каналот кој се емитува на MaxTV и е достапен под реден број 502 ќе врши директен пренос на Super Bowl натпреварот 30 минути по полноќ на 2-ри февруари 2015-та година.

Не пропуштајте.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...