Медисон Киз има мисија „Вилијамс“

Медисон Киз успеа да ја елиминира една од сестрите Вилијамс на Австралискиот опен, и сега 19-годишната Американка ќе се обиде да ја елиминира уште едната.

Киз ја надмина повредата на десниот бутен мускул за да ја победи 18-рангираната Венус Вилијамс со 6:3/4:6/6:4 за пласман во полуфиналето против 18-кратната гренд-слем шампионка, Серена Вилијамс, која немаше мака против минатогодишната финалистка Доминика Цибулкова и победи со 6:2/6:2.

Киз спречи прв дуел на сестрите на гренд-слем турнир по повеќе од пет години, кога Серена ја победи Венус во финалето на Вимблдон 2009. Додека едното финале е сè-американско, второто е сè-руско и во него ќе играат светската тенисерка број 2, Марија Шарапова, и 10. носителка, Екатерина Макарова.

Самата Киз изјави дека тоа што ги гледала сестрите Вилијамс на ТВ ја натерало да почне со тенисот и призна дека е пресреќна од првото големо полуфинале.

„Навистина е неверојатно. Сега имам да уживам уште едно коло“, вели Киз, чиј тренер е трикратната гренд слем шампионка, Линдзи Девенпорт.

Серена имаше лесна победа и покрај тоа што страдаше од лоша настинка последните неколку денови, што се препознаваше и во нејзиниот глас.

„Болна сум неколку дена, и ситуацијата станува полоша, меѓутоа се надевам дека ќе бидам подготвена. Има вирус кај многу тенисери, и јас немав среќа и го фатив“, вели Серена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...