„Затишје пред бура“ во Металург

„Затишје пред бура“ се наједноставните зборови со кои може да се опише актуелната ситуација во редовите на македонскиот шампион Металург. Ракометарите на тимот од Автокоманда завршија со репрезентативните обврски и веќе два дена се во Скопје, но никој од нив ништо не знае. Клубот не контактирал со нив, не се информирани кога и дали треба да се појават на тренинг, па така сите седат и чекаат.

По завршувањето на клупските ангажмани во декември, тие добија ветување дека ситуацијата во клубот ќе се стабилизира, дека платите кои им се должат ќе бидат подмирени и дека клубот ќе се врати на „здрави нозе“. Но, и сега месец дена подоцна играчите се во иста позиција, „статус-кво“ и константно чекање на конечен одговор.

Се коментираше дека стратегот на екипата, Лино Червар, вчера ќе дојде во Скопје, но остана непознато дали е тоа само нова шпекулација или хрватскиот тренер навистина ќе дојде.

А, од друга страна веќе тргна лавината шпекулации на која страна ќе фатат ракометарите на македонскиот првак. Но, прашање е дали некој ќе биде до таа мера решителен и да му ги „прости“ на клубот неисплатените плати и да продолжи на друга страна. Тоа е доволно силна причина сите да чекаат.

Неизвесноста убива, а од друга страна поттикнува сè повеќе прашања особено и поради еден друг „детаљ“, а тоа е почетокот на обврските, кои за „металурзите“ доаѓаат веќе в недела, кога треба да го пречекаат Нексе во рамките од регионалното натпреварување.

Хаотично и неславно „гаснење“ или, пак, конечно добри вести и знаци на живот е разврската која ја чекаат и ракометарите и фановите на Металург, но се чини и целата македонска ракометна јавност, со оглед на тоа дека по завршувањето на настапите на националниот тим, клубовите се тие кои го окупираат нејзиното комплетно внимание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...