Се собира „црвено-црното“ јато

Македонските репрезентативци од редовите на Вардар претпладнево треба да се појават на првиот тренинг во СЦ „Јане Сандански“. Капитенот Филип Лазаров, Петар Ангелов, Столе Стоилов и Немања Прибак добија два дена одмор, а сега време е да се стават на располагање на Раул Гонзалез и да се насочат кон клупските обврски. По речиси три недели работа со редуциран тим, шпанскиот стратег полека, но сигурно ја собира екипата.

„Денеска ќе ни се приклучат македонските репрезентативци. Ако досега работевме повеќе на физиката со оние играчи кои ги имав на располагање, сега полека се комплетираме и ќе почнеме со посериозни подготовки за она што нè очекува, дуелот со Монпеље во Лигата на шампионите.

Најмногу ме радува што сите се здрави и што нема никакви проблеми, па ќе можеме мирно и компактно да работиме“, заклучува Вардаровиот тренер Раул Гонзалез.

РУСИТЕ СЕ ПРИКЛУЧУВААТ ВО ПОНЕДЕЛНИК

Руската четворка, Тимур Дибиров, Даниел Шишкарев, Михаил Чипурин и Сергеј Горбок во понеделник треба да è се приклучат на екипата.

„Русите добија дополнително време за одмор бидејќи беа дел од Президент купот и одиграа повеќе натпревари, па им дадов слободно до понеделник. До средината на следната недела екипата ќе биде комплетна“, нè информираше Гонзалез.

НАБИЕНА АГЕНДА

„Вардарци“ ќе имаат и тоа како набиена агенда во првата седмица од продолжението на сезоната. Прво, на 4 февруари, на домашен терен ги очекува мечот со БГК Мешков, три дена подоцна (7 февруари) му гостуваат на ППД Загреб, додека на 9 февруари во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекуваат Војводина.

За Гонзалез овие натпревари се добредојдени за екипата да влезе во натпреварувачки ритам и во полно светло да го пречекаат Монпеље во претпоследното коло од групната фаза од ЛШ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...