Франција и Шпанија за ракометните „гурмани“

1 медал ѝ недостига на Франција за по вторпат да стане апсолутен ракометен првак, односно во ист момент да е олимписки, европски и светски шампион. Тоа е златото од Доха. Досега, само нив им успеала таа мисија

76 одбрани има Омејер досега и тоа е најмногу од сите голмани на првенството. Но, процентот е 36, а во таа категорија е на 5. место

15 медали од СП, ЕП и ОИ имаат Французите во своите витрини. Сега играат за 16-тиот

Натпревар за ракометни гурмани денеска е на програмата на СП. Се среќаваат двете единствено непоразени репрезентации во битка за влез во финалето. Франција против Шпанија, топла препорака од Доха да се резервира терминот за ракомет.

Ако некој на ова СП може да ја запре Франција, тогаш тоа е Шпанија. И „фуријата“ денеска ќе има улога на благ аутсајдер, меѓутоа сите кои следат ракомет, знаат какво е ривалството меѓу овие две репрезентации. Судир на две челични одбрани, луцидни напаѓачи, ракометари што играат во два правца, врвни индивидуалци. И ривалство, лично и професионално, нивните средби се мала војна, така било од времето, така е и денеска.

Франција добива предност првенствено затоа што има подобар голман. Омејер на последните две средби брани како во најдобрите денови, за рамнотежа на Шпанија и е потребен Штербик, но тој е во Скопје, а младиот Перез де Варгас иако е голем потенцијал, е прашање дали може да пружи тоа што се очекува од него на вака важен натпревар.

Откако се издигна над проблемите во тимот и конфликтот со селекторот, Франција игра како машина. Одбраната во која на централните позиции се браќата Карабатиќ им е... па може да се напише учебник по тоа како играат одбрана на последните два натпревара.

Во нападот имаат два ешалона на ракометари. Веруваме дека утре први ќе излезат Фернандез, Карабатиќ и Бараше како бекови, на линијата ќе биде Сориндо, на крилните позиции најдобрите стрелци на турнирот од нивниот табор, Мишел Гигу (29 гола) и Гијом Жоли (27).

Во вториот ешалон се Махе, Акамбре, Гребил, Њокас, Аниќ, Порт и Домула.

Најголемата предност за нив е што во полуфиналето влегуваат свежи. Имаа дуели со Аргентина и Словенија на кои ја подигаа формата и вистинското од нив го чекаме дури денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...