Спринт на „вардарки“ за први бодови

Дамите одново ја имаат честта да нè воведат во возбудувањата од најквалитетното европско клупско натпреварување, па така вечерва, 19:30 часот македонскиот првак Вардар му гостува на Лајпциг на отворањето на главната фаза од Лигата на шампионите.

Германките се првата пречка на патот на „вардарки“ во трката по бодови во групата А, кои водат во четвртфиналето. „Црвено-црните“ дами ја носат улогата на фаворит со оглед на позицијата која ја имаат во најсилното европско друштво, како лански учесник на Ф4 турнирот во Будимпешта, за разлика од Лајпциг, кој, пак во ЛШ годинава стигна преку квалификациите.

Соочувањето со бундеслигашки екипи за избраничките на Индира Кастратовиќ стана навика, веќе претходно, во разигрувањето по групи исто така се судрија со германски тим, Турингер.

Доволно искуство е акумулирано за да се влезе внимателно во мечот вечерва. Бековскиот тандем Каролина Кудлач и Сашка Ланг, кои се и најдобри стрелци на Лајпциг во ЛШ се првата опасност за „вардарки“, а тука е и искусната Катја Шулке на голот. Брзата игра во транзиција може да создаде многу проблеми за македонскиот првак, кој, пак, ќе се обиде да го употреби истото „оружје“ за да дојде до првите бодови во групната фаза.

Екипата во одлична атмосфера отпатува за Лајпциг. За разлика од претходната фаза која ја следеа многу повреди, заминувања и себепронаоѓање, желбата, а и потребата е сега „црвено-црниот“ табор да понуди едно постабилно и сериозно лице кое ќе го промовира во патник на финалниот турнир во Будимпешта.

Прв натпревар сезонава на германско тло е тешка задача, особено што е потребно екипата да фати ритам – сметаат од Вардаровиот табор, но истовремено остануваат децидни на ставот дека со силна и компактна одбрана може победнички да ја стартуваат годината.

Ново лице меѓу „вардарки“ е капитенот на националниот тим Робертина Мечевска, која ќе добие шанса да му помогне на тимот на патот кон Ф4, додека Бегоња Фернандез и Татјана Хмирова и понатаму се во процес на рехабилитација по повредите.

Засилувањето на стручниот штаб со ангажирањето на Ким Андерсон треба да донесе новини во Вардаровата игра, па иако Кастратовиќ напомена дека не може многу да се менува, сигурно е дека некоја нова „нота“ ќе се внесе во играта на македонскиот шампион. Прва можност да видиме што ќе има Вардар да ни понуди во продолжението од Лигата на шампионите е вечерниот дуел со Лајпциг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...