Червар останува тренер на Металург, но на кои играчи ќе се знае утре

Лино Червар останува тренер на македонскиот ракометен првак Металург, но на кои играчи, ќе биде познато утре.

Иако се очекуваше денеска да биде разрешена комплетната дилема околу ситуацијата која подолг период владее во тимпт од Автокоманда, сепак и по денешната прес-конференција дел од дилемата останува - кои ракометари ќе играат за Металург под водство на тренерот Червар!?

Во пресрет на натпреварот против Нексе во СЕХА лигата, закажан за во недела, денеска на средбата со медиумите претседателот на клубот Левче Китевски информираше дека дефинитивно состав на Металург за вториот дел од сезоната, ќе биде познат најдоцна утре.

- Во текот на денешниот ден или најдоцна утре ќе има комплетна информација за тоа кој ќе биде нашиот состав, односно кои играчи ќе останат, а кои ќе заминат од клубот. Тренерот Лино Червар од утре исто така ќе биде на располагање на медиумите кога ќе стартуваат активностите во оваа година, со оглед на тоа што доцна синоќа допатува во Скопје. Не би сакал на оваа прес-конференција да зборувам за ништо друго, освен за дуелот кој не очекува со Нексе во СЕХА лигата. Сите оние дилеми кои постојат околу нашите амбиции и составот за иднина, ќе повторам, дека ќе бидат разрешени преку официјалното соопштение, истакна претседателот на Металург, Левче Китевски.

Китевски дополни дека Металург ќе продолжи со силно темпо во домашниот ракомет, а амбициите за сезонава остануваат освојување на шампионската титула.

- Може да кажам дека Червар останува тренер на Металург и има договор до јуни 2017 година. Како претседател на клубот може да кажам и дека активно продолжуваме со натпреварувањето во Лигата на шампионите, домашното првенство и СЕХА, а нашите амбиции за сезонава остануваат освојување на шампионската титула, рече Китевски.

Инаку, дуелот со Нексе на програмат е в недела со почеток од 20 часот и 15 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...