Се спушта завесата од ЛШ за Металург

Металург в недела ќе го одигра последниот меч од Лигата на шампионите сезонава, а како што стојат работите којзнае кога повторно ќе го видиме меѓу екипите евро-елитата, па затоа ова претставува посебна можност да се гледа и бодри „сино-белиот“ тим во ЛШ.

Противник е ППД Загреб, тим кој на почетокот на сезоната не беше рангиран на исто ниво со Металург, но в недела ќе биде во улога на голем фаворит во „Борис Трајковски“.

ППД Загреб е веќе пласиран во Топ 16 фазата на Лигата на шампионите и тоа како екипа која во првата нокаут фаза ќе влезе од позицијата број „3“.

Младиот тим на Металург веќе го имаше првото горчливо искуство. Одиграа на теренот на една од најсилните екипи, видоа што значи да се игра против најдобрите. Оттука може и да не гледаме премногу ентузијастички на неделниот натпревар, но како и да е, тоа ќе биде една од ретките можности за овој тим да се (ис)кали против врвни екипи на официјални натпревари. Па оттука, ако од агол на резултатот нема здрава основа да се гледа со оптимизам, ракометарите мора максимално мотивирани да истрчаат на терен и да покажат дека ја заслужуваат поддршката што ја добиваат од целата спортска јавност. Резултатот, каков и да биде, нема да му смени ништо на Металург, но доколку младите ракометари успеат да ја освојат публиката, а тоа ... тоа сепак, би било „нешто“.

„Ќе играме без резултатски притисок, но со желба да покажеме дека има квалитет во оваа екипа. Сигурен сум дека момците од екипата ќе пружат максимум и ќе покажеме дека оние дваесетина минути во Кил беа само лош период. Сигурно ќе одиграме подобро отколку на тој натпревар. За нас сега секој меч од ЛШ и од СЕХА е многу важен за подготовка на екипата за дуелот од македонското првенство. Мораме да ја користиме секоја шанса за да напредуваме“, изјави голманот на Металург, Никола Митревски

ВУЈОВИЌ: РЕСПЕКТ КОН ИМЕТО

Дека пред Металург се исправа голем предизвик потврди и тренерот на загрепскиот тим, Веселин Вујовиќ.

„Ова е натпревар за престиж, Металург има млад и полетен тим, желен да се докажува, но во моментов квалитетот е на наша страна и Загреб е фаворит на овој натпревар. Но, без оглед на сè, ќе играме со полна сила од респект кон името ’Металург’. Во Скопје доаѓам со 17 играчи и нема да има калкулации со составот, така што и на натпреварот од СЕХА лигата ќе играме со истиот тим“, изјави тренерот на ППД Загреб, Веселин Вујовиќ.

ВОЈВОДИНА ПРАВИ ЦИРКУС

Откако ги загуби шансите да се бори за шестото/седмото место по поразот од Нексе (23:28, 14:13), Војводина во стил кој можеме да кажеме дека е препознатлив се обидува да ја испере горчината на тоа што досега има освоено само 7 бода со девалвација на сè наоколу. На новосаѓаните (отпосле) виновен им е Металург, односно Лино Червар, односно судиите и делегатот од дуелот во Скопје кој заврши 26:26, односно дел од раководството на СЕХА кое е од Македонија.

На средбата со Металург судиите по интервенција на делегатот прекинаа напад на Војводина поради тоа што Лино Червар беше внатре во теренот. Од тој напад Војводина постигна гол за кој сметаат дека би бил победнички, но истиот беше поништен.

Сега сакаат следната средба да ја играат со пионерски тим и пред празни трибини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...