Победничко сценарио на „вардарки“

„Лајпциг нема што да загуби и поради тоа ќе играат послободно, за разлика од нас, кои мора да победиме. Нè очекува тежок натпревар, но време е да покажеме карактер“ – децидна е Ања Алтаус, пикерот на Вардар

Победничко сценарио има предвидено македонскиот првак ЖРК Вардар за саботниот меч со Лајпциг во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, во 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Време е да се стави крај на „топло-ладно“ изданието кое го гледаме од „црвено-црниот“ табор во досегашниот тек од сезоната и веќе да се фати правец наречен, Ф4 во Будимпешта.

Десетдневната пауза во најквалитетното европско клупско натпреварување се чини беше повеќе од добредојдена за дамите во Вардаровиот табор, кои на вчерашната прес-конференција ставија до знаење дека се подготвени за предизвикот, кој ги очекува, а тоа е серија „три од три“ што ќе им го донесе и посакуваниот пласман во четвртфиналето од ЛШ.

Бундеслигашот е првата пречка, која нема да биде воопшто лесна.

„Трите натпревари кои следат се исклучително важни за нашата иднина во Лигата на шампионите. Изминативе десетина дена имавме доволно време со мирна глава и без проблеми да се подготвиме за продолжението од ЛШ. Анализиравме, имавме доволно време да се фокусираме на тоа каде грешевме во изминатиот период и мислам дека максимално подготвени ќе го дочекаме саботниот меч. Нè очекува многу важен натпревар со Лајпциг и за тоа сите сме свесни и верувам дека може да дојдеме до победа во тој дуел.

Најважно ќе биде да одиграме силно во одбраната и да го запреме противникот“ - смета Индира Кастратовиќ, тренерот на Вардар.

ЕДИНСТВЕНИ

Германката во Вардаровите редови Ања Алтаус најдобро знае како функционира противникот, но она кон што таа е насочена е својот тим и потенцира дека е потребно да останат силни и единствени за да дојдат до бодовите.

„Лајпциг нема што да загуби и поради тоа ќе играат послободно, за разлика од нас, кои мора да победиме. Нè очекува тежок натпревар. Германскиот тим ќе се бори од првата до последната минута. Но, мислам дека по сè што поминавме ќе покажеме карактер и ќе бидеме силни и единствени. Најважна е нашата игра, мора да бидеме фокусирани и да одиграме силно, храбро и да победиме“, коментира кружниот напаѓач на „вардарки“.

ХМИРОВА ВО ТИМОТ

За првпат по четири месеци во составот на екипата в сабота ќе се најде и Татјана Хмирова. Десниот бек се рехабилитираше од повредата и операцијата на рамото, но прашање е колку Кастратовиќ ќе може да ја искористи со оглед на долгата пауза што ја имаше.

„Хмирова веќе подолго време тренира со нас, а сега доби и дозвола од лекарите да се врати во игра. Таа ќе биде во составот в сабота и секако дека ќе добие шанса, но со оглед на тоа дека четири месеци беше надвор од теренот ќе ѝ биде потребен период за да влезе во форма“ – објаснува Кастратовиќ.

НИШТО ОД КРИСТИЈАНСЕН

Средбата со медиумите, ЖРК Вардар ја искористи и да ја демантира шпекулацијата дека данската репрезентативка Кристина Кристијансен ќе биде следното засилување на екипата.

„Клубот нема стапено во контакт, ниту, пак, преговарал со Кристијансен. Вардар нема потпишано договор со Кристијансен. Според нашите информации, таа веќе има потпишано договор со дански клуб“ – појасни претседателот на клубот Гордана Нацева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...