Веспрем одново на агендата

Два заслужени слободни денови имаа ракометарите на Вардар, пред новиот собир денеска, со кој започнуваат подготовките за последниот дуел од регуларниот дел од СЕХА ГСС-лигата против Веспрем, в сабота во СЦ „Јане Сандански“. Четврто соочување на овие два тима сезонава, а досега „црвено-црните“ немаат позитивно искуство со унгарскиот првак. Меч, кој нема да има резултатско значење, двата тима се сигурни патници на Ф4 турнирот, но ќе биде дуел за престиж.

Истовремено Веспрем ќе значи и генерална проба пред осминафиналниот двомеч со Висла Плоцк во Лигата на шампионите.

АБУТОВИЌ Е ОК

Главниот дефанзивен на Вардар, Илија Абутовиќ, поради повреда го немаше во составот на гостувањето во Прешов, но не се работи за ништо сериозно. Станува збор за вкочанетост во вратот по средбата со Раднички и тој денеска ќе биде на тренинг заедно со екипата. Истото важи и за Алем Тоскиќ, кој поради болки во грбот доби цела недела слободна за одмор и не беше на мини-турнејата.

Во моментов се чека само лекарско мислење за Матјаж Брумен, кој има проблеми со десното рамо. Потребен е одмор и мирување, но и понатаму е неизвесно дали крилото ќе настапи против Веспрем или ќе го чуваат за двомечот со Висла.



СЕЗОНЦИТЕ СО ПРИВИЛЕГИИ ДО ТОП 16 БИЛЕТ

Фановите на Вардар што поседуваат сезонски билети за натпреварите од Лигата на шампионите ќе ја имаат привилегијата први да дојдат до билети за осминафиналниот меч со Висла Плоцк, закажан за 21 март. Од вчера, па сè до 6 март (петок), сите оние што имаат билети може да си го откупат истото место, со приложување на сезонската картичка. Цените на билетите се 400 денари за трибинските места, 600 денари за ВИП, 1.200 денари за ВИП-премиум и 150 денари за стоење. Приоритетната продажбата на билетите ќе се одвива само на билетарницата во СЦ „Јане Сандански".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...