Надал бара заштита за турнирите на земја

Рафа Надал побара од организаторите на турнири да ја задржат традицијата на земјени терени на АТП турнејата, откако сè повеќе турнири се „селат“ на хардкорт подлога, на која Шпанецот смета дека се зголемува ризикот за повреди.

Надал, кој во неделата стигна до првата титула во 2015 година победувајќи го Хуан Монако на Аргентинскиот опен во Буенос Аирес, вели дека исто така главен фактор е задржувањето на разновидноста на тениската понуда со што би се задржило вниманието на публиката.

Аргентинскиот опен е во својата 15. година и се игра на земја, иако организаторите најавија дека е можен трансфер на побрза подлога.

„Земјата е традиционалната подлога на нашиот спорт и мора да ја заштитиме. Спортот станува поголем кога комбинираш нови со стари турнири. Правиме трансфер од земја на хардкорт подлога, но потврдата подлога е поагресивна и има се повеќе повреди. Можете да ја проверите статистиката“, вели Надал.

28-годишниот Шпанец одигра само седум меча во втората половина од 2014 година поради повреда на зглобот на раката, но и операција за слепо црево. Титулата во Буенос Аирес беше негова 65 во кариерата, и дури 46 на земја, со што се израмни со аргентинската легенда Гијермо Вилас.

„Најважно е да бидеш здрав не само во текот на кариерата, но и по крајот, бидејќи сите имаме живот надвор од тенисот. Повеќето од играчите на турнејата го сакаат спортот и би сакале да можат да продолжат со некоја активност и по пензијата и да уживаат во животот. Кога јас ќе се пензионирам би сакал да можам да играм фудбал со пријателите, но со толку многу хардкорт подлоги ќе биде тешко тоа да се оствари“, додава Надал.

Следен турнир за него е Мастерсот во Индијан Велс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...