Сеха турнеја на Металург

Се ближи крајот на регуларниот дел од јужноевропското натпреварување, а управата на СЕХА задоволно ги трие рацете поради одлуката да не се игра класичен „Ф4“, туку модифицирана верзија во која шест тима ќе патуваат на завршниот турнир.

Ова донесе натпреварувачки дух во лигата до последен момент и следејќи го овој рецепт, веруваме дека наскоро ќе биде воведена или, пак, ќе се форсира варијантата последниот тим да испаѓа од лигата.

Вардар, Веспрем и Војводина имаат уште еден меч до крајот на регуларниот дел, Металург, БГК Мешков и Борац по три, сите други екипи уште по два натпревара пред да биде „заклучена“ табелата и бидат селектирани шесте тима што ќе продолжат да се борат за титулата број четири.

Со сигурност, Веспрем е прв, Вардар втор и овие два тима имаат директно место на завршниот фајнал фор. Брест, Загреб и Татран ќе патуваат на завршниот турнир, но ќе имаат еден елиминациски натпревар пред да почнат полуфиналните битки.

Металург и Нексе се единствените екипи кои останаа во битката за местото со број шест и последниот билет за завршните пресметки.

ДЕСЕТДНЕВНА ТУРНЕЈА

Младите ракометари на Металург комплетно ги преземаа обврските на играње во професионален тим и сè добро и лошо што оди со тоа. Деновиве ќе соберат уште едно ново искуство, а тоа не се однесува директно на играњето.

Металург во неделата во Белорусија, во пограничниот град Брест го одигра заостанатиот натпревар од 9. коло во СЕХА ГСС шампионатот. Од таму замина за Варшава (200 километри), па оттаму авионски за Белград. Тимот не се врати во Скопје туку продолжи за Нашице каде вечерва ќе го игра натпреварот од 17. коло, но одново нема назад за Скопје, туку ќе фати правец кон Бања Лука каде в петок ќе игра меч со Борац.


РЕШАВАЧКИ БИТКИ ЗА „Ф6“

Со оглед на тоа дека БГК Мешков иако тенко и тешко победи во Брест против Металург, сепак, како голем фаворит ќе допатува на 15 март во Скопје, битката за шестото место меѓу Нексе и Металург ќе ја сведеме на три натпревари.

Првиот е вечерва во Нексе, следните два се во петок (Борац – Металург) и на 18 март (Борац – Нексе).

Металург во моментов има два бода повеќе од Нексе и доколку денеска победи или одигра нерешено, тогаш има обезбеден билет за Веспрем каде ќе се игра или би требало да се игра завршниот турнир.

Но, доколку победи Нексе, а шансите секако ќе бидат на страната на домашниот тим, ситуацијата за македонскиот тим ќе се искомпликува, затоа што Нексе со 16 бода ќе избие пред Металург на табелата.

Во таа ситуација, македонскиот тим нема да биде елиминиран од трката, но ќе мора да победи или да одигра нерешено во Бања Лука в петок (под услов да не загуби со повеќе од два гола, 23:21 беше резултатот Металург – Нексе во Скопје). Но, и Нексе да не освои бод на гостувањето во Бања Лука закажано за 18 март.

ЧЕТИРИ ДЕБИТАНТИ

Драган Вргоч, Ѓорѓе Голубовиќ, Дамир Ефендиќ и Јања Војводиќ се во Нашице заедно со екипата и се чека само формалното да се запали зелено светло од СЕХА за деби настап за Металург. За жал, не е најавен директен тв пренос од овој натпревар, па така македонската јавност нема да има можност да го види во живо ремонтираниот тим на Металург.


СЕХА ГСС ЛИГА

ППД ЗАГРЕБ – БОРАЦ 30:25

НЕКСЕ – МЕТАЛУРГ среда

БОРАЦ – МЕТАЛУРГ петок

БГК МЕШКОВ – ТАТРАН П. сабота

РАДНИЧКИ – ППД ЗАГРЕБ сабота

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ сабота

ТАБЕЛА:

1. Веспрем 17 17 0 0 540 : 385 51

2. Вардар 17 14 0 3 503:441 42

3 Загреб 17 11 0 6 435 : 388 33

4. БГК Мешков 15 10 0 5 417 : 394 30

5. Татран 16 10 0 6 482:448 30

6. Металург (-1) 15 5 1 9 340 : 368 15

7. Нексе 15 4 1 11 396 : 463 13

8. Војводина 17 2 4 11 420 : 476 10

9. Борац 16 2 1 13 407 : 488 7

10. Раднички 16 2 1 13 421 : 511 7



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...