Крај на сезоната за Брумен!?

„Во следниве 24 часа ќе знам дали е потребно веднаш да се оперира рамото или ќе можам барем да ја доиграм сезоната“ – вели Вардаровото крило

Му се заканува ли на Вардаровото крило Матјаж Брумен предвремен крај на сезоната? Повредата на десното рамо се чини дека е далеку од наивна и првичните лекарски информации се дека е потребна операција на рамото. Брумен го чека конечниот одговор од словенечкиот специјалист, кој треба да му потврди дали хируршката интервенција треба да биде извршена веднаш или ќе може крилото да ја заврши сезоната.

„Најавите се дека е потребна операција на рамото. Специјалист за рамото во следниве 24 часа треба да ми потврди дали веднаш треба да се оперирам или можеби ќе можам да ја доиграм сезоната. Ако е првата опција, тогаш, за жал, за мене сезоната е завршена. Во спротивно не знам како би го решиле тоа. Еве во моментов сум 14 дена надвор од игра“ – објаснува Матјаж Брумен.

Последен натпревар кој го одигра десното крило беше оној против Монпеље и од тогаш е во мирување. Доколку Брумен мора веднаш да оди „под нож“ тогаш како единствено решение на позицијата десно крило до крајот на сезоната Раул Гонзалез ќе го има само Даниел Шишкарев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...