„Задолжителен триумф над Крим“

„Жалам што не му помогнав на тимот против Лајпциг.... Се враќам за победа во Љубљана. Секој меч за нас е да се биде или не“ – вели плејмејкерот

Најдобрата ракометарка на светот за 2013 година, Андреа Лекиќ, недостасуваше во таборот на Вардар во саботниот меч против Лајпциг во Скопје, на отворањето на вториот круг од натпревари од главната фаза во Лигата на шампионите. Вирозата и високата температура ја спречија да им помогне на соиграчите во важниот меч против бундеслигашот, па и покрај желбата за игра, единствено што можеше да направи е да ги бодри од ложата во СЦ „Јане Сандански“.

„Жалам што не бев во можност да му помогнам на тимот во дуелот со Лајпциг, но најважно е дека се враќам. Се чувствувам добро, веќе одработив неколку тренинзи и ќе бидам комплетно подготвена за мечот со Крим“ – нè информираше централниот бек на Вардар, Андреа Лекиќ.

За македонскиот првак потребни се „три од три“ победи за да обезбеди место во четвртфиналето од ЛШ, па поради тоа и размислувањата во пресрет на гостувањето во Љубљана в петок се многу јасни – триумф и два бода.

„Секој натпревар за нас во моментов е ’да се биде или не’ затоа и нема други мисли освен победнички. Најважно за нас е да бидеме компактни и да понудиме тимска игра како што беше во претходниот меч за да може мирно да го очекуваме финишот на главната фаза“ – вели плејмејкерот.

Вардарки утре попладне заминуваат за Љубљана, додека в петок, 19 часот го играат натпреварот со словенечкиот првак Крим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...