Бекер: „Сите сакаат да го победат Новак“

Борис Бекер во интервју за германскиот „Тенис магазин“ зборуваше за животот во тенисот, за својот пулен Новак Ѓоковиќ и за неговата техничка и не-техничка страна на играта.

„Новак е поинаков од другите ѕвезди во спортот. Тој поминува многу време на турнејата дружејќи се со своите колеги и е навистина популарен за тренинг. За него секогаш е лесно. Знам дека има добри односи со Бердих и Вавринка, меѓутоа никогаш не тренирал со Роџер Федерер или Рафаел Надал“, вели Германецот, кој е трикратен шампион од Вимблдон.

Тој имаше и коментар за „инцидентот“ од финалето на Австралискиот опен, кога Енди Мареј го обвини Ѓоковиќ дека „глумел“ повреда признавајќи дека тоа му пречело во концентрацијата.

„Дури и Новак има свои добри и лоши моменти и кога играте меч од пет сета, тоа е како бокс. Жал ми е што Енди погрешно го сфати моментот на слабост на Новак, но сите разговаравме за тоа и сè е ОК“, вели Бекер.



Бекер е сигурен дека го тренира најдобриот на светот кој нема конкуренција.

„Тој е најдобриот на светот, најдобриот во својата класа и сите сакаат да го победат. Ме прашувате дали може да ги освои сите четири гренд слема во една година? Тоа е во основа невозможно. Постојат многу различни фактори - здравјето, среќата, тактиката, формата...“, додава Бекер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...