Стоилов; „Веспрем ни е должник“

В сабота, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, по четвртипат сезонава ќе бидеме сведоци на битка меѓу Вардар и Веспрем, овој пат на затворањето на регуларниот дел од СЕХА ГСС-лигата за бранителот на титулата. За двата тима дуелот нема да има резултатско значење со оглед на тоа дека нивното место на завршниот турнир веќе е загарантирано, Веспрем како лидер, а Вардар како второпласиран тим на табелата. Но, дуелот и тоа како има значење на престиж. „Црвено-црните“ момци трипати досега претрпеа порази од унгарскиот првак, а сега е можеби вистинскиот момент да се врати „мило за драго“.

„Вистина е дека натпреварот нема резултатско значење за нашата позиција во регионалното натпреварување, но Веспрем ни се должници. Сезонава претрпевме три порази од нив, еден несреќен дома и два на гости и време е да се израмнат сметките. Немаме резултатски притисок, но Вардар е Вардар и сакаме победа“ – дециден е Стојанче Стоилов, Вардаровиот пикер.

ТЕСТ ЗА ВИСЛА

Стратегот на Вардар натпреварот го гледа како одлична можност за подготовка за осминафиналниот двомеч со Висла Плоцк, кој на програмата е во следните два викенди.

„Натпреварот со Веспрем резултатски не е многу важен за нас, со оглед на тоа дека во Прешов ја завршивме работата околу потврдата на второто место на табелата во СЕХА. Од тој аспект може да бидеме релаксирани и без притисок да го одиграме натпреварот.

Но, она што е значајно е што Веспрем е подготовка за нас за дуелот со Висла Плоцк во осминафиналето од Лигата на шампионите. Поради тоа шанса ќе добијат сите ракометари кои ќе ги имам на располагање бидејќи во моментов најважно е добро да се подготвиме за Висла, но и да се заштитиме од повреди“ – вели тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

НЕКОЛКУ НЕИЗВЕСНИ

Алем Тоскиќ, Илија Абутовиќ и Михаил Чипурин се наоѓаат на листата играчи кои се под знак прашалник за утрешниот натпревар. Тоскиќ поради проблеми со грбот паузираше последнава седмица, Абутовиќ се пожали на проблеми по мечот во Крагуевац минатата недела, а и Чипурин е на листата на повредени.

„Ја следиме ситуацијата со повредените ракометари. 24 часа е многу време во ракометот и по денешниот тренинг ќе знаеме кој ќе може да игра“ – вели Гонзалез.

Што се однесува до Матјаж Брумен, за него и понатаму се чека конечниот одговор за дали ќе следи операција на десното рамо.



ШТЕРБИК ВО ИДЕАЛНИОТ ТИМ

Чуварот на мрежата на Вардар, Арпад Штербик се најде во идеалниот тим на СЕХА ГСС-лигата за февруари. Во месецот во кој „црвено-црните“ одиграа пет натпревари од регионалното натпреварување и забележаа четири победи и само еден пораз од Загреб, Штербик се најде во составот, во поголемиот дел од нив и беше клучен за победата над БГК Мешков со 13 интервенции.

Покрај него во тимот се и двајца ракометари на Веспрем, десното крило Гашпер Маргуч, како и пикерот Ренато Сулиќ, потоа левото крило на Татран П., Радослав Антл, левиот бек на ППД Загреб, Душко Челица, средниот бек Стефан Јанковиќ (Борац) и десниот бек Милош Орбовиќ (Војводина). Идеалниот тим го предводи Антонио Карлос Ортега, стратегот на Веспрем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...