Вардар по СЕХА „хет-трик“

Најуспешниот клуб во досегашната историја на СЕХА ГСС лигата, Вардар, попладнево (17:45 часот), преку полуфиналниот дуел со БГК Мешков, ќе се обиде да дојде до четвртиот пласман во финалето во четвртото издание на регионалниот Ф4, чии домаќин годинава е унгарскиот град Веспрем.



Вардарци имаат статус на бранители на шампионската титула, а фактот дека македонскиот тим е единствениот кој двапати го кренал трофејот на гостински терен, првиот пат на крајот на премиерната сезона во Загреб, а потоа истото се случи и лани во Нови Сад, го прави најсериозен кандидат за „хет-трик“.

Но, пред да се мисли на нова регионална радост, таа мора да се одработи на теренот во арената „Веспрем“ каде како прва пречка стои белоруски БГК Мешков.

Белорусите се на листата од три екипи, заедно со Веспрем и ППД Загреб, кои успеаја да го поразат Вардар во натпреварите од регуларниот дел од сезоната.

За разлика од „црвено-црните“ и организаторот, кои поради пласманот на првите две места на табелата директно се најдоа во полуфиналето, тимот од Брест преку баражот со Нексе се избори за таква позиција, што всушност ќе претставува реприза на ланското финале.



„СЕХА лигата е важна за нас, како и одбраната на титулата. Ќе одиме чекор по чекор и прво мислиме на полуфиналето со БГК Мешков во кое е потребно да бидеме максимално концентрирани и внимателни ако сакаме да дојдеме до целта. Тие се незгоден противник, кој игра многу добро во одбраната и има одличен контранапад, па мора да бидеме на ниво 60 минути“ – смета Вардаровиот стратег Раул Гонзалез.

Вардар има статус на фаворит, но тоа е само дополнителен мотив за БГК Мешков да се обиде да приреди сензација и да го елиминира двократниот носител на СЕХА титулата.

„Ќе биде тешко да се игра против Вардар во полуфиналето. Екипа, која е меѓу осумте најдобри во Европа, и чија сила и квалитет веќе ја почувствуваа многу европски клубови. Вардар ми е драг како тим и го ценам, како и тренерот Раул Гонзалез. Финалето е голем влог и за нас и за Вардар и ветувам дека ќе играме многу подобро од баражот и мислам дека ќе биде интересен меч. Тактички сме добро подготвени, како никогаш до сега сакам да победиме и верувам дека противникот ќе мора добро да се испоти ако сака да се најде во финалето“ – изјави тренерот на БГК Мешков, Жељко Бабиќ.



БЕЗ ДИБИРОВ, АБУТОВИЌ И БРУМЕН

Дека левото крило Тимур Дибиров нема да патува со екипата поради повреда беше познато уште во средата, а вчера клубот потврди дека нема да може да смета ниту на услугите на главниот дефанзивец Илија Абутовиќ, како и на десното крило Матјаж Брумен, кои исто така останаа во Скопје.

Брумен поради вироза и висока температура е принуден да го пропушти Ф4, додека Абутовиќ влече стара повреда, која е потребно да се санира во пресрет на најважните натпревари сезонава. „Тројката“ дефинитивно ќе недостасува, но „црвено-црниот“ табор има алтернативи за квалитетно да се затворат овие позиции.

„Во одбрана на титулата одиме без тројца играчи Дибиров, Абутовиќ и Брумен, но во екипата има доволно квалитетни ракометари, па сигурно сите ќе дадеме максимум да одиграме на високо ниво“ – вели капитенот на „црвено-црните“ Филип Лазаров.

„Знаеме дека ќе биде тешко, нè чека силен, незгоден противник како Мешков Брест. Иако Лигата на шампионите е наш приоритет, тоа не значи дека нема да се покажеме во вистинско светло и во СЕХА лигата и да дадеме сè од себе да го одбраниме трофејот“ – додава бекот.

БРАТСКИ ДУЕЛ

Третпат сезонава во регионалното натпреварување меѓусебно ќе се соочат и браќата Игор и Иван Карачиќ. Вардаровиот плејмејкер ќе се бори против својот брат во редовите на БГК Мешков на патот кон финалето.

„Одново сезонава ќе играм против мојот брат Иван. Сепак, целта за Вардар е јасна, пласман во финалето и тоа ќе се обидеме да го реализираме попладнево. Неколкупати сезонава се наоѓавме во ситуација да недостасува некој од клучните играчи во тимот, но тоа треба да го надополниме со добра екипна игра и сите да дадеме сè од себе“ – смета централниот бек на Вардар, Игор Карачиќ.



РЕДОВНО ВО ФИНАЛЕ

Беспрекорна традиција имаат „црвено-црните“ кога станува збор за СЕХА Ф4. Тие се редовни учесници во финалето на лигата, која полека, но сигурно се вбројува меѓу една од најсилните во Европа. Во претходните три изданија вардарци двапати го кренаа шампионскиот трофеј, 2012 во Загреб, кога во финалето со 21:18 го совладаа својот најголем ривал Металург. Една година подоцна, на Ф4 турнирот во Скопје, Вардар со минимални 25:24 по продолженија загуби од Загреб. Лани, во Нови Сад тимот по вторпат го крена регионалниот пехар откако со 29:27 во финалето славеше над БГК Мешков.

ППД ЗАГРЕБ – ВЕСПРЕМ

Во вториот полуфинален натпревар, кој е денеска на програмата, во вториот термин од 20:15 часот, организаторот Веспрем ќе го пречека тимот на Веселин Вујовиќ, ППД Загреб.

Тимот на популарниот Вујо ќе има тешка задача пред себе, со оглед на тоа дека непоразениот тим на Карлос Ортега стои на спротивната страна. Двата тима ќе бидат сериозен ривал за вардарци во финалето, но прво ќе треба да видиме кој од нив ќе го преживее полуфиналниот филтер, со оглед на тоа дека и од двата табори најавуваат вистински ракометен спектакл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...